2. Самоилова
2 Потоа Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во некои од градовите на Јуда?“ А Јехова му одговори: „Појди!“ Давид потоа продолжи: „Каде да појдам?“ А тој му рече: „Во Хеврон“.+ 2 Тогаш Давид отиде таму, а со него и двете негови жени — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил. 3 Давид ги поведе и луѓето+ што беа со него, секој со неговото семејство, и се населија во градовите околу Хеврон. 4 Тогаш дојдоа синовите на Јуда+ и таму го помазаа+ Давид за цар над домот на Јуда.+
А до Давид стигна веста дека луѓето од Јавис-Галад го закопале Саул. 5 Тогаш Давид испрати гласници кај луѓето во Јавис-Галад+ и им порача: „Нека ве благослови Јехова,+ зашто му покажавте милост*+ на својот господар Саул и го закопавте!+ 6 Јехова нека ви покаже милост+ и верност, а и јас ќе ви направам добро поради тоа што постапивте така!+ 7 Охрабрете се и бидете смели!+ Зашто, иако е мртов вашиот господар Саул, домот на Јуда мене ме помаза за свој цар!“+
8 Но Авенир,+ синот на Нир, заповедникот на Сауловата војска, го зеде Исвостеј,+ синот на Саул, го префрли во Маханаим+ 9 и го постави за цар над Галад,+ над Асур, над Језраел,+ над Ефрем,+ над Венијамин+ и над целиот Израел. 10 Исвостеј, синот на Саул, имаше четириесет години кога стана цар над Израел и царуваше две години. Само домот на Јуда+ го следеше Давид. 11 Давид царуваше во Хеврон над домот на Јуда седум години и шест месеци.+
12 По некое време, Авенир, синот на Нир, излезе со слугите на Исвостеј, Сауловиот син, од Маханаим+ во Гаваон.+ 13 А Јоав,+ синот на Серуја,+ излезе со слугите на Давид и се сретна со нив кај гаваонското езерце. Едните застанаа од едната страна на езерцето, а другите од другата страна. 14 Тогаш Авенир му рече на Јоав: „Нека станат луѓето и нека се борат пред нас!“ А Јоав одговори: „Нека станат!“ 15 И така станаа и одредија колкумина ќе учествуваат во борбата: дванаесет од Венијамин за Исвостеј,+ синот на Саул, и дванаесет од слугите на Давид. 16 И секој го фати својот противник за глава и му го заби мечот во слабината, така што сите заедно испопаѓаа. Затоа местото го доби името Хелкат-Хасурим,* а се наоѓа кај Гаваон.+
17 Во тој ден започна жестока битка, и слугите на Давид ги поразија Авенир+ и Израелците. 18 А таму беа и тројцата синови на Серуја:+ Јоав,+ Ависај+ и Асаил.+ А Асаил беше брзоног како газела+ во полето. 19 И Асаил тргна во потера по Авенир. Го следеше во чекор, не свртувајќи ни надесно ни налево. 20 И Авенир се сврти назад и праша: „Ти ли си, Асаиле?“ А тој одговори: „Јас сум“. 21 Тогаш Авенир му рече: „Скршни надесно или налево и фати еден од младичите, па земи сѐ што ќе соблечеш од него!“+ Но Асаил не сакаше да престане да го гони. 22 Авенир пак му рече на Асаил: „Престани да ме гониш! Зошто да те срамнам со земјата?+ Како тогаш ќе му погледнам в очи на твојот брат Јоав?“ 23 Но тој не сакаше да отстапи од него. Затоа Авенир го удри во стомакот+ со задниот дел од копјето, така што копјето му излезе низ грбот. И тој падна таму и умре на место. Сите што доаѓаа на местото каде што падна и умре Асаил, застануваа таму.+
24 Но Јоав и Ависај тргнаа во потера по Авенир. На зајдисонце дојдоа до ридот Ама, кој е спроти Гија, на патот кон гаваонската+ пустина. 25 А синовите на Венијамин се собраа зад Авенир, па се наредија во една чета и застанаа на врвот од еден рид. 26 Тогаш Авенир му викна на Јоав: „Зар вечно ќе голта мечот?+ Не знаеш ли дека на крајот ќе остане само горчина?+ Кога најпосле ќе им кажеш на своите луѓе да престанат да ги гонат своите браќа?“+ 27 А Јоав одговори: „Како што е жив вистинскиот Бог,+ да не проговореше,+ дури утре наутро луѓето ќе престанеа да ги гонат своите браќа!“ 28 Тогаш Јоав затруби во рогот+ и целата војска застана. Така престанаа да го гонат Израел и повеќе не започнуваа битка.
29 Авенир и неговите луѓе одеа низ Араба+ целата таа ноќ, го преминаа Јордан,+ ја поминаа целата долина и на крајот стигнаа во Маханаим.+ 30 Кога престана да го гони Авенир, Јоав ја собра целата војска. Од слугите на Давид недостигаа деветнаесет луѓе и Асаил. 31 А слугите на Давид убија триста и шеесет луѓе од Венијамин и од останатите луѓе на Авенир.+ 32 И го понесоа Асаил+ и го погребаа во гробот на неговиот татко+ во Витлеем.+ Потоа Јоав и неговите луѓе одеа цела ноќ и, на разденување, стигнаа во Хеврон.+