Дела на апостолите
6 А во тие денови, кога се зголемуваше бројот на учениците, Евреите што зборуваа грчки+ почнаа да приговараат против Евреите што зборуваа хебрејски, бидејќи нивните вдовици биле запоставени при секојдневното делење на храната.+ 2 Затоа, дванаесеттемина ги повикаа кај себе мноштвото ученици и рекоа: „Не е право да ја оставиме Божјата реч за да делиме храна.+ 3 Затоа, браќа, пронајдете+ меѓу себе седум луѓе, кои се на добар глас и се полни со дух и со мудрост,+ за да ги поставиме над оваа потребна работа, 4 а ние ќе се посветиме на молитвата и на поучувањето за речта Божја“.*+ 5 Тој предлог му се допадна на целото мноштво, па ги избраа Стефан, човек полн со вера и со свет дух,+ потоа Филип,+ Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола од Антиохија, поранешен преобратеник во еврејската вера. 6 И ги поставија пред апостолите, а тие се помолија и потоа ги положија рацете+ врз нив.
7 Така Божјата реч сѐ повеќе растеше+ и бројот на учениците во Ерусалим многу се умножуваше,+ а и многу свештеници+ ја прифаќаа верата.+
8 А Стефан, полн со добрина и сила, правеше многу чуда и предзнаци+ меѓу народот. 9 Но станаа некои од оние од синагогата наречена Синагога на ослободените,* и некои од Киринијците и од Александријците+ и од оние од Киликија+ и од Азија, за да се препираат со Стефан, 10 но не можеа да му се спротивстават на мудроста+ и на духот со кои зборуваше.+ 11 Тогаш тајно наговорија некои луѓе да речат:+ „Го чувме како кажува хулни зборови+ против Мојсеј и Бог“. 12 И ги подбуцнаа народот, старешините и книжниците, па го нападнаа ненадејно, го зграпчија и го одведоа пред Судскиот совет.*+ 13 И изведоа лажни сведоци,+ кои рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против ова свето место и против Законот.+ 14 На пример, го чувме како вели дека тој Исус Назареќанецот ќе го разурнел ова место и ќе ги изменел обичаите што ни ги предаде Мојсеј“.
15 И кога сите оние што седеа во Судскиот совет го вперија погледот во него,+ видоа дека лицето му е како лице на ангел.+