На управителот, за „Криновите“.+ За потсетување. Асафов псалм.+ Песна.
80 Пастиру Израелов, слушај,+
ти што го водиш Јосиф како стадо!+
Ти што седиш на херувимите,+ блесни!+
2 Пред Ефрем, Венијамин и Манасија разбуди ја својата моќ+
и дојди, спаси нѐ!+
3 Боже, врати нѐ на она што го имавме порано,+
и нека блесне твоето лице, за да се спасиме!+
4 О Јехова, Боже над војските, до кога ќе се гневиш на молитвите на твојот народ?+
5 Ги храниш со солзи како да се леб+
и обилно ги поиш со солзи.+
6 Ти направи да се караат за нас нашите соседи+
и нашите непријатели ни се потсмеваат како што сакаат.+
7 Боже над војските, врати нѐ на она што го имавме порано!+
Нека блесне твоето лице, за да се спасиме.+
8 Од Египет изведе лоза,+
ги истера народите за да ја посадиш.+
9 Го исчисти местото за неа+ за да пушти корен и да се прошири по целата земја.+
10 Планините ги покри со својата сенка
и Божјите кедри со своите гранки.+
11 Ги пушти своите гранки дури до морето+
и своите ластари до Реката.+
12 Зошто ѝ ги урна камените ѕидови,+
па да берат од неа сите што минуваат по патот?+
13 Вепарот од шумата ја подгризува+
и мноштво полски животни се хранат од неа.+
14 Боже над војските, врати се, те молам!+
Погледни од небото, види и погрижи се за оваа лоза,+
15 за стеблото што го посади+ твојата десница,
погледни го синот што го зајакна заради себе!+
16 Со оган е запалена, одрежана.+
Од заканата на твоето лице тие гинат.+
17 Твојата рака нека почива врз човекот на твојата десница,+
над синот човечки кого го зајакна заради себе,+
18 и ние нема да се одметнеме од тебе.+
Зачувај нѐ живи за да го повикуваме твоето име!+
19 О Јехова, Боже над војските, врати нѐ на она што го имавме порано!+
Нека блесне твоето лице, за да се спасиме!+