Осија
14 „Врати се, Израеле, кај Јехова, својот Бог,+ зашто се спрепна во својот престап.+ 2 Земете со себе зборови на покајание и вратете се кај Јехова.+ Кажете му сите: ‚Прости ни ја вината+ и прими го она што е добро, а ние ќе ти принесеме за возврат плод* од усните свои!+ 3 Асирија нема да нѐ спаси.+ Нема да јаваме на коњи+ и нема повеќе да им велиме на делата на рацете свои: „Боже наш!“ — зашто ти си милостив кон детето без татко‘.+
4 Јас ќе ја излекувам нивната неверност.+ Ќе ги сакам со задоволство,+ зашто мојот гнев се одврати од него.+ 5 Ќе му бидам на Израел како роса.+ Ќе процвета како крин и ќе ги пушти своите корења како ливанско стебло. 6 Ќе пушти гранчиња, ќе биде ценет како маслинка,+ а неговиот мирис ќе биде како мирисот на ливанските стебла. 7 Тие повторно ќе живеат во неговата сенка.+ Ќе одгледуваат жито и ќе распупат како лоза.+ Споменот за него ќе им биде како ливанско вино.
8 Ефрем ќе рече: ‚Што имам јас уште со идолите?‘+
А јас ќе одговорам и ќе го чувам.+ Јас сум како зелена смрека.+ На мене ќе се најде плод за него.“
9 Кој е мудар, па да го разбере сето ова?+ Кој е разборит, па да го спознае?+ Зашто, патиштата на Јехова се прави,+ и праведни се оние што одат по нив,+ но престапниците се сопнуваат на нив.+