Осија
10 „Израел е лоза што се расипа.+ Донесува плод само за себе.+ Колку повеќе плодови има толку повеќе ги умножува своите жртвеници.+ Колку му е подобра земјата толку поукрасени обредни столбови подига.+ 2 Срцето нивно стана лицемерно.+ Затоа се виновни.
Тој ќе ги урне нивните жртвеници и ќе ги опустоши нивните столбови.+ 3 А тие тогаш ќе речат: ‚Немаме цар,+ зашто не се боевме од Јехова. А и што би направил царот за нас?‘
4 Кажуваат празни зборови, се заколнуваат лажно+ и склучуваат сојуз,+ а неправдата никнува како отровно растение по ораниците.+ 5 Ќе страхуваат жителите на Самарија за идолското теле од Вет-Авен.+ Неговиот народ ќе тагува за него, како и свештениците на туѓите богови, кои му се радуваа поради неговата слава, зашто ќе отиде откај нив во изгнанство.+ 6 Ќе го однесат во Асирија како дар на големиот цар.+ Срам ќе го обземе Ефрем,+ и Израел ќе се посрами поради своите намери.+ 7 Ќе ги снема* Самарија и нејзиниот цар,+ како откинато гранче на површината на водата. 8 Обредните височинки на Вет-Авен,+ гревот на Израел,+ ќе бидат уништени. Трње и плевел*+ ќе растат по нивните жртвеници.+ А луѓето ќе им зборуваат на планините: ‚Покријте нѐ!‘ — и на ридовите: ‚Паднете врз нас!‘+
9 Уште од деновите на Гаваја+ трае твојот грев,+ Израеле! Во него народот и остана. Во Гаваја не ги стигна војната против синовите на неправедноста.+ 10 Ќе ги казнам кога јас ќе сакам.+ Кога ќе ги впрегнам да ги влечат двата свои грева, против нив ќе се соберат народите.+
11 Ефрем беше добро научена јуница, која сакаше да врши жито,+ а јас поминав преку нејзиниот убав врат. Ќе дадам некој да го впрегне Ефрем.+ Јуда ќе ора,+ а Јаков ќе влече брана.+ 12 Сејте си семе во праведност+ и жнејте милост.*+ Обработувајте за себе земја,+ зашто е време да го барате Јехова додека да дојде+ и да ве поучи во праведност.+
13 А вие орате зло. Жнеете неправда.+ Јадете плодови на измамата,+ зашто имате доверба во својот пат,+ во мноштвото свои јунаци.+ 14 Викотница се крена меѓу твојот народ+ и сите твои утврдени градови ќе бидат опустошени,+ како што Салман го опустоши Домот на Арвел, во денот на битката, кога мајката ја здробија заедно со нејзините синови.+ 15 Така ќе ви направат, жители на Ветил, поради вашата голема злоба.+ Взори ќе го снема* царот на Израел.“+