2. Летописи
32 По сите тие настани во кои Езекија ја покажа својата верност кон Бог,+ дојде Сенахирим,+ асирскиот цар,+ и навлезе во Јуда, па ги опколи утврдените градови+ со намера да ги освои.
2 А Езекија, кога виде дека Сенахирим дошол со намера да војува против Ерусалим, 3 реши, во договор со своите кнезови+ и јунаци, да ги затрупа изворите на вода што беа надвор од градот.+ Тие му помогнаа да го стори тоа. 4 Се собра многу народ, па ги затрупаа сите извори и потокот+ што течеше среде земјата, зашто рекоа: „Зошто асирските цареви да најдат толку вода кога ќе дојдат?“
5 Потоа се охрабри и го обнови целиот разурнат ѕид+ и подигна кули+ на него. Однадвор изгради друг ѕид,+ го утврди Мило*+ во Давидовиот град и направи многу копја+ и штитови.+ 6 И постави воени заповедници+ над народот и ги собра пред себе на плоштадот+ покрај градската порта, па ги храбреше*+ со овие зборови: 7 „Бидете храбри и силни!+ Не бојте се+ и не плашете се+ ни од асирскиот цар+ ни од сето мноштво што е со него, зашто наши има повеќе отколку нивни!+ 8 Со него е телесна рака,+ а со нас е Јехова, нашиот Бог, за да ни помага+ и да ги води нашите битки“.+ И народот положи доверба во зборовите на Езекија, царот на Јуда.+
9 Потоа асирскиот цар Сенахирим,+ додека беше со сета своја војска+ кај Лахис,+ ги испрати своите слуги во Ерусалим кај Езекија, царот на Јуда, и кај сите синови на Јуда што беа во Ерусалим, и им порача:
10 „Вака вели Сенахирим, асирскиот цар:+ ‚Во што имате доверба додека мирно седите во Ерусалим, кој е под опсада?+ 11 Зар не ве заведува+ Езекија+ за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога вели: „Јехова, нашиот Бог, ќе нѐ избави од рацете на асирскиот цар“?+ 12 Зарем не беше токму Езекија тој што ги отстрани неговите обредни височинки+ и неговите жртвеници+ и потоа им заповеда на Јуда и на Ерусалим: „Клањајте се пред еден+ жртвеник+ и на него горете ги приносите“?+ 13 Зар не знаете што им направивме јас и моите прататковци на сите земни народи?*+ Можеа ли боговите+ на земните народи да ја избават својата земја од мои раце? 14 Кој од сите богови на тие народи, кои моите прататковци ги погубија,* можеше да го избави својот народ од мои раце? Па зар може тогаш вашиот Бог да ве избави вас од моиве раце?+ 15 Затоа, не дозволувајте да ве измами Езекија+ и да ве заведе!+ Немојте да му верувате, зашто ниту еден бог на ниту еден народ или царство не можеше да го избави својот народ ниту од моите раце ниту од рацете на моите прататковци! Тогаш како ќе ве избави вашиот Бог од моиве раце?‘ “+
16 И неговите слуги уште повеќе зборуваа против вистинскиот Бог Јехова+ и против Езекија, неговиот слуга. 17 Напиша и писма+ во кои му се потсмеваше на Јехова, Богот на Израел,+ и вака зборуваше против него: „Како што боговите+ на земните народи не го избавија својот народ од моите раце,+ така ниту Богот на Езекија нема да го избави својот народ од моите раце“. 18 И на ерусалимскиот народ што беше на ѕидот му викаа на хебрејски јазик+ колку што ги држеше гласот+ за да го заплашат+ и да го збунат, па да го освојат градот. 19 И зборуваа против+ Богот на Ерусалим+ исто како што зборуваа против боговите на земните народи, кои се дело на човечки раце.+ 20 А цар Езекија+ и пророкот Исаија,+ синот на Амос,+ се молеа поради тоа+ и го повикуваа небото на помош.+
21 Тогаш Јехова испрати ангел,+ кој ги погуби сите храбри јунаци,+ војсководачи и заповедници во логорот на асирскиот цар,+ така што царот посрамен се врати во својата земја. А подоцна, кога влезе во храмот на својот бог, таму со меч го убија некои од неговите синови.+ 22 Така Јехова ги спаси Езекија и жителите на Ерусалим од рацете на асирскиот цар Сенахирим+ и од рацете на сите други непријатели и им даде мир на сите нивни граници.+ 23 И мнозина му донесуваа дарови+ на Јехова во Ерусалим и скапоцености на Езекија, царот на Јуда,+ кој оттогаш стана возвишен+ во очите на сите народи.
24 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт,+ па во молитва+ му се обрати на Јехова, а тој му одговори+ и му даде знак.+ 25 Но Езекија не возврати со благодарност за добротворството што му беше покажано,+ зашто срцето му се возгордеа.+ Затоа се подигна гнев+ против него и против Јуда и Ерусалим. 26 Но Езекија се покаја поради вообразеноста на своето срце, па се понизија+ и тој и жителите на Ерусалим, и врз нив не дојде Јеховиниот гнев додека беше жив Езекија.+
27 И Езекија стекна многу големо богатство и слава.+ Направи ризници за сребро, злато+ и за скапоцени камења,+ за балсам,+ за штитови+ и за секакви скапоцености,+ 28 потоа складишта+ за родот на житото, за младото вино+ и за маслото, штали+ за секакви домашни животни и трла за стадата. 29 Изгради градови и имаше многу ситна+ и крупна стока,+ зашто Бог му даде многу голем имот.+ 30 Езекија го затрупа+ горниот извор на Гион+ и водата+ ја насочи долу на западната страна од Давидовиот град.+ Езекија беше успешен во сѐ што правеше.+ 31 Но кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови,+ кои беа испратени кај него+ за да се распрашаат за знакот+ што се случи во земјата, вистинскиот Бог го остави+ за да го испита+ и да дознае сѐ што му е во срцето.+
32 Останатата историја+ на Езекија и делата што ги правеше во својата доброта,*+ сето тоа е запишано во виденијата на пророкот Исаија, синот на Амос,+ и во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел. 33 На крајот Езекија почина кај своите прататковци+ и го погребаа на угорништето по кое се оди кон гробниците на Давидовите синови.+ По неговата смрт сите синови на Јуда и Ерусалимците му укажаа чест.+ На негово место почна да владее неговиот син Манасија.+