Езра
10 Кога Езра се помоли+ и ги призна гревовите,+ плачејќи и лежејќи+ пред домот+ на вистинскиот Бог, околу него се собраа големо мноштво Израелци, мажи, жени и деца, и народот плачеше горко. 2 Тогаш Сеханија, синот на Јеил,+ од синовите на Елам,+ му одговори на Езра: „Ние постапивме неверно кон нашиот Бог со тоа што си зедовме жени туѓинки од другите народи.*+ Но, сѐ уште има надеж+ за Израел. 3 Сега да склучиме сојуз+ со нашиот Бог: ветуваме дека, според одлуката на Јехова, нашиот Бог, и на оние што се плашат+ од неговите заповеди,+ ќе ги отпуштиме+ сите жени туѓинки и децата што ги родија, за да се постапи според законот.+ 4 Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди силен и фати се за работа!“
5 Тогаш Езра стана и ги заколна+ свештеничките поглавари, левитите и сите Израелци да направат така како што беше речено. И тие се заколнаа. 6 Тогаш Езра стана пред домот на вистинскиот Бог и отиде во трпезаријата+ на Јоанан, синот на Елијасив. Иако отиде таму, ниту јадеше леб+ ниту пиеше вода, зашто тагуваше+ поради неверноста на оние што се вратија од изгнанство.
7 Потоа упатија повик по целата земја на Јуда и по Ерусалим да се соберат во Ерусалим сите повратници од изгнанство.+ 8 А кој нема да дојде+ во рок од три дена, според одлуката на кнезовите+ и на старешините, нему ќе му биде запленет+ целиот имот,* а тој ќе биде одвоен+ од заедницата на оние што се вратија од изгнанство. 9 Така сите луѓе од Јуда и Венијамин се собраа за три дена во Ерусалим, имено во деветтиот месец,+ на дванаесеттиот ден од тој месец. И целиот народ седеше на отворено пред домот на вистинскиот Бог, тресејќи се од сето тоа што се беше случило и од дождот.+
10 Најпосле, свештеникот Езра стана и им рече: „Вие постапивте неверно со тоа што зедовте жени туѓинки,+ и така ја зголемивте вината на Израел.+ 11 А сега признајте му го гревот+ на Јехова, Богот на вашите прататковци, и извршете ја неговата волја+ и одвојте се од другите народи и од жените туѓинки“.+ 12 Тогаш целата заедница одговори со силен глас: „Ќе направиме така како што ни рече.+ 13 Но има многу луѓе, а сега времето е дождливо и не се стои надвор. Освен тоа, таа работа не може да се заврши за ден-два, зашто згрешивме во голема мера. 14 Затоа, сега те молиме, нашите кнезови+ да ја застапуваат целата заедница и сите од нашите градови, кои си зеле жени туѓинки, нека дојдат во одреденото време, и со нив старешините и судиите од секој град, сѐ додека не го одвратиме од себе гневот на нашиот Бог кој пламна против нас“.
15 Меѓутоа, Јонатан, синот на Асаил, и Јазија, синот на Текуја, се спротивставија,+ а нив ги поддржуваа левитите Месулам и Саветај.+ 16 И повратниците од изгнанство+ направија така како што беше речено. Свештеникот Езра и родовските поглавари по домовите на своите татковци,+ сите по име, се одвоија и почнаа да заседаваат на првиот ден од десеттиот месец+ за да испитаат сѐ.+ 17 И до првиот ден од првиот месец завршија со сите оние што си имаа земено жени туѓинки.+ 18 А се утврди дека и некои синови на свештениците+ имаа земено жени туѓинки: од синовите на Исус,+ синот на Јоседек,+ и од неговите браќа: Маасија, Елиезер, Јарив и Гедалија. 19 Тие подадоа рака и така ветија дека ќе ги отпуштат своите жени и дека, затоа што се виновни,+ ќе принесат овен+ од стадото за својата вина.
20 Од синовите на Имер:+ Ананиј и Зевадија; 21 од синовите на Харим:+ Маасија, Илија, Семаја, Јеил и Озија; 22 од синовите на Пасхор:+ Елиоенај, Маасија, Исмаел, Нетанел, Јозавад и Елеаса. 23 Од левитите: Јозавад, Симеј, Келаја (односно Келита), Фетахија, Јуда и Елиезер; 24 од пејачите: Елијасив; од вратарите: Салум, Телем и Уриј.
25 А од Израел, од синовите на Фарос:+ Рамија, Језиј, Малхија, Мијамин, Елеазар, Малхија и Венај; 26 од синовите на Елам:+ Матанија, Захарија, Јеил,+ Авдиј, Јеремот и Илија; 27 од синовите на Зату:+ Елиоенај, Елијасив, Матанија, Јеремот, Завад и Азиза; 28 од синовите на Вевај:+ Јоанан, Ананија, Завај и Атлај; 29 од синовите на Вани: Месулам, Малух, Адаија, Јасув, Сеал и Јеремот; 30 од синовите на Фат-Моав:+ Адна, Хелал, Венај, Маасија, Веселеил, Винуј и Манасија; 31 од синовите на Харим:+ Елиезер, Есија, Малхија,+ Семаја и Симеон, 32 Венијамин, Малух и Семарија; 33 од синовите на Асум:+ Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Симеј; 34 од синовите на Вани: Маадај, Амрам и Уил, 35 Венај, Ведеј, Хелу, 36 Ванија, Меремот, Елијасив, 37 Матанија, Матенај и Јаасај; 38 од синовите на Винуј: Симеј, 39 Селемија, Натан, Адаија, 40 Махнадевај, Сасај, Сарај, 41 Азареил, Селемија, Семарија, 42 Салум, Амарија и Јосиф; 43 од синовите на Нево: Јејел, Матитиј, Завад, Зевина, Јадај, Јоил и Венај. 44 Сите тие си беа зеле жени туѓинки,+ но ги отпуштија и жените и нивните синови.