Неемија
6 А кога Санавалат,+ Товиј,+ Гисем+ Арабјанецот+ и останатите наши непријатели слушнаа дека сум го обновил ѕидот+ и дека на него не остана ниту еден урнат дел — иако до тоа време уште ги немав поставено крилата+ на градските порти+ — 2 Санавалат и Гисем веднаш ми порачаа: „Дојди да се најдеме+ во селата во долината кај Оно“.+ Но тие ми смислуваа зло.+ 3 Затоа им испратив гласници+ со овој одговор: „Имам многу работа+ и не можам да дојдам. Работата ќе запре ако ја оставам и дојдам кај вас“.+ 4 И така, четири пати ми ја праќаа истата порака, а јас им одговарав со истите зборови.
5 Најпосле Санавалат+ по петти пат ми го испрати својот слуга со истата порака, со отворено писмо во раката. 6 Во него пишуваше: „Се слуша меѓу народите, а и Гисем+ го потврдува тоа, дека ти и Евреите готвите бунт.+ Затоа и градите ѕид, а се зборува и дека ти ќе им бидеш цар.+ 7 Дури си поставил и пророци за да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да велат: ‚Јуда има цар!‘ Сега тој глас ќе дојде и до ушите на царот. Затоа дојди сега да се посоветуваме“.+
8 Но јас му го пратив овој одговор: „Не е така како што велиш ти,+ туку ти го измислуваш тоа во срцето“.+ 9 Зашто, сите тие се обидоа да нѐ заплашат со зборовите: „Ќе им капнат рацете+ од работата, па нема да ја довршат“. А сега, Боже, зајакни ги моите раце!+
10 И отидов во куќата на Семаја, синот на Делаја, син на Метевеил, кој се беше затворил таму.+ И тој рече: „Да се најдеме+ во домот на вистинскиот Бог, внатре во храмот,+ и да ја затвориме вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат. Ноќе+ ќе дојдат да те убијат“. 11 А јас одговорив: „Зар да бега човек каков што сум јас?+ Како може некој како мене да влезе во храмот и да остане жив?+ Јас не влегувам!“ 12 Затоа ја испитав работата, и ете, не го испратил Бог,+ туку објави+ пророштво против мене затоа што Товиј и Санавалат+ го најмиле.+ 13 А го најмиле+ за јас да се исплашам+ и да постапам така, и да згрешам,+ па лошиот глас за мене+ да им послужи за да ме осрамотат.+
14 Сети се,+ Боже мој, на Товиј+ и Санавалат по овие нивни дела, а и на пророчицата+ Ноадија и на останатите пророци, кои постојано се обидуваа да ме исплашат.
15 Најпосле ѕидот+ беше довршен на дваесет и петтиот ден од елул,* за педесет и два дена.
16 А кога го слушнаа тоа сите наши непријатели+ и кога го видоа тоа сите народи околу нас, ја изгубија својата самодоверба и сфатија дека нашиот Бог+ го направи тоа дело. 17 Во тие денови, достоинствениците+ на Јуда пишуваа многу писма до Товиј,+ а писмата од Товиј им стигнуваа ним. 18 Имено, мнозина во Јуда беа со него врзани со заклетва, зашто тој му беше зет на Сеханија, синот на Арах,+ а Јоанан, неговиот син, ја зеде ќерката на Месулам,+ синот на Верехија. 19 И постојано пред мене зборуваа добро за него,+ а моите зборови му ги пренесуваа нему. А Товиј испраќаше писма за да ме исплаши.+