Неемија
11 Така народните кнезови+ се населија во Ерусалим,+ а останатите од народот фрлаа ждрепки+ за секој десетти човек да дојде и да живее во светиот град+ Ерусалим, а преостанатите девет во другите градови. 2 И народот ги благослови+ сите луѓе што доброволно+ се населија во Ерусалим.
3 А ова се поглаварите на покраините,+ кои се населија во Ерусалим.+ Во другите градови на Јуда се населија, секој на своето наследство, во своите градови:+ Израел,+ свештениците+ и левитите,+ нетините+ и синовите на Соломоновите слуги.+
4 Значи, во Ерусалим се населија некои од синовите на Јуда и некои од синовите на Венијамин.+ Од синовите на Јуда: Атаија, синот на Озија, син на Захарија, син на Амарија, син на Сефатија, син на Малелеил, од синовите на Фарес;+ 5 и Маасија, синот на Варух, син на Колхозеј, син на Хазаја, син на Адаија, син на Јојарив, син на Захарија, син на Сала. 6 Сите синови на Фарес што се населија во Ерусалим беа четиристотини шеесет и осум способни луѓе.
7 А ова се синовите на Венијамин:+ Салу, синот на Месулам,+ син на Јоад, син на Федаија, син на Колај, син на Маасија, син на Итиел, син на Јесаја; 8 потоа домот на Гавај и Салај, вкупно деветстотини дваесет и осум луѓе; 9 и Јоил, синот на Зихриј, нивни надгледник, и Јуда, синот на Асенуј, втор управител на градот.
10 Од свештениците: Једај, синот на Јојарив,+ Јахин,+ 11 Сераја, синот на Хелкија, син на Месулам,+ син на Садок,+ син на Мерајот, син на Ахитув,+ настојник на домот на вистинскиот Бог; 12 и нивните браќа кои ја извршуваа работата во домот,+ осумстотини дваесет и двајца; и Адаија, синот на Јероам,+ син на Пелалија, син на Амси, син на Захарија, син на Пасхор,+ син на Малхија,+ 13 и неговите браќа, родовски поглавари,+ двесте четириесет и двајца, и Амашај, синот на Азареил, син на Азај, син на Месилемот, син на Имер, 14 и нивните браќа, луѓе силни и смели,+ сто дваесет и осум, а нивни надгледник+ беше Завдил, син на угледни луѓе.
15 Од левитите:+ Семаја, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавија,+ син на Вуниј, 16 и Саветај+ и Јозавад,+ поглавари на левитите, кои ги надгледуваа надворешните работи на домот на вистинскиот Бог; 17 и Матанија,+ синот на Миха, син на Завдиј, син на Асаф,+ кој управуваше со пеењето фалби+ и во молитва упатуваше фалби,+ и Ваквукиј, втор меѓу своите браќа, и Авда, синот на Самуј, син на Галал,+ син на Једутун.+ 18 Сите левити во светиот град+ беа двесте осумдесет и четири.
19 А вратари+ беа Акув, Талмон+ и нивните браќа кои чуваа стража на портата+ — сто седумдесет и два.
20 А останатите Израелци, свештеници и левити се населија по сите други градови на Јуда, секој на своето наследство.+ 21 Нетините+ живееја во Офел,+ а Сих и Гиспа беа над нетините.
22 А надгледник+ на левитите во Ерусалим беше Озиј, синот на Вани, син на Асавија, син на Матанија,+ син на Миха,+ од синовите на Асаф,+ пејачите.+ Тој ја надгледуваше работата во домот на вистинскиот Бог. 23 Зашто, за нив беше издадена заповед од царот,+ а за пејачите беше одредено секој ден да бидат снабдувани со она што им е потребно.+ 24 А Фетахија, синот на Месезавел, син на Зара, син на Јуда, беше довереник на царот за сите работи што се однесуваа на народот.
25 А некои од синовите на Јуда се населија во местата+ околу кои имаше ниви: во Киријат-Арва+ и во околните места, во Девон* и во околните места, во Јекавсеил+ и во околните места, 26 во Исус, во Молада,+ во Вет-Фалет,+ 27 во Асар-Суал,+ во Вирсавеја+ и во нејзините околни места, 28 во Сиклаг,+ во Мекона и во нејзините околни места, 29 во Ен-Римон,+ во Сора,+ во Јармут,+ 30 во Заноја,+ во Адолам+ и во местата околу нив, во Лахис+ и во неговите ниви, во Азика+ и во нејзините околни места. И подигнаа логори од Вирсавеја до долината на Еном.+
31 А синовите на Венијамин се населија во Гева,+ Михмаш,+ Аја,+ Ветил+ и во неговите околни места, 32 во Анатот,+ Нов,+ Ананија, 33 во Асор, Рама,+ Гитаим,+ 34 во Адид, Севоим, Невалат, 35 во Лод,+ во Оно+ и во долината на занаетчиите. 36 А некои групи од левитите од Јуда се населија во Венијамин.