Псалми
Давидова тажачка, која му ја испеа на Јехова поради зборовите на Хус од племето на Венијамин.
7 О Јехова, Боже мој,+ ти си ми прибежиште.+
Спаси ме од сите што ме прогонуваат и избави ме,+
2 за никој да не ми ја растргне душата како лав,+
да не ме зграпчи кога нема кој да ме избави.+
3 Јехова, Боже мој, ако сум направил некакво зло,+
ако има неправда во моиве раце,+
4 ако сум му возвратил со зло на оној што ме наградува+
или сум го ограбил оној што безуспешно ме напаѓа,+
5 непријателот нека ја гони мојата душа,+
и нека го земе мојот живот и нека го згази на земја
и нека ја собори мојата слава во правот. (Села)
6 Стани, Јехова, во својата јарост,+
крени се против гневот на моите противници,+
разбуди се заради мене,+ зашто ти заповеда да се изврши правдата.+
7 Многу народи нека те опколат,
врати се во височините и тргни против нив.
10 Мојот штит е кај Бог,+ Спасителот на оние што имаат чесно срце.+
11 Бог е праведен Судија,+
Бог жестоко го осудува злото секој ден.