Псалми
На управителот. Давидов псалм. Песна.
68 Нека стане Бог,+ нека се расеат неговите непријатели,+
нека побегнат од неговото лице оние што многу го мразат.+
2 Како што се растерува дим, така растерај ги и нив.+
Како што восок се топи на оган,+
така злите нека изгинат пред Бог.+
4 Пејте му на Бог, фалете го со песна неговото име!+
Запејте му на Оној што минува низ пустите рамници!+
Тоа е Јах* — тоа е името негово+ — и веселете се пред него!
5 Бог во своето свето живеалиште+
им е татко на децата без татко и судија на вдовиците.+
6 Бог ги населува во куќа оние што се сами,+
ги изведува заробениците и им дава потполна благосостојба.+
А тврдоглавите ќе живеат во спржена земја.+
7 Боже, кога чекореше пред својот народ,+
кога чекореше низ пустината,+ (села)
8 земјата се тресеше,+
од небото прокапа дожд пред лицето Божје,+
овој Синај се затресе пред лицето на Бог,+ Богот на Израел.+
12 Бегаат царевите што заповедаат на војски, бегаат.+
А на онаа што останува дома, и нејзе ѝ се дава плен.+
13 Иако лежевте во логорот меѓу купишта пепел,
ќе добиете крилја на гулабица обложени со сребро,
15 Васанските+ планински предели се планина Божја,+
васанските планински предели се планина полна со врвови.+
16 О планини полни со врвови, зошто ја гледате со завист
планината на која Бог посака да живее?+
Да, Јехова ќе живее на неа засекогаш.+
17 Божјите бојни коли ги има десетици илјади, илјадници и илјадници.+
Јехова дојде од Синај на светото место.+
18 Ти се вознесе во висините,+
одведе заробеници,+
зеде луѓе како дарови,+
па и оние што се тврдокорни,+ за да живееш меѓу нив,+ о Боже Јах.
19 Нека е благословен Јехова, кој секој ден ни го носи товарот,+
вистинскиот Бог на нашето спасение.+ (Села)
20 Вистинскиот Бог е за нас Бог кој спасува.+
Јехова, Севишниот+ Господар, може да го избави човекот од смртта.*+
21 Навистина, Бог ќе им ја здроби главата на своите непријатели+
и косестото теме на секој што истрајува* во својот престап.+
22 Јехова рече: „Ќе ги вратам од Васан,+
ќе ги вратам од морските длабочини,+
23 за да ја измиеш својата нога во крв,+
за твоите пци да ја лижат крвта на непријателите“.+
25 Пејачите одеа напред, свирачите на жичени инструменти по нив,+
а во средината девојките што удираат на дајриња.+
27 Малиот Венијамин ги покорува,+
кнезовите на Јуда со своето мноштво што воскликнува,
кнезовите на Завулон, кнезовите на Нефталим.+
28 Твојот Бог заповеда да се појави твојата сила.+
Покажи ја својата сила, Боже, ти кој се заземаш за нас!+
30 Закани му се на ѕверот во трските,+ на стадото бикови,+
со телињата на народите, на сите што газат по сребро!+
Ги растури народите кои уживаат во борби.+