Асафова песна.
82 Бог застана среде Божјето+ собрание,+
тој суди среде боговите:+
2 „До кога ќе судите неправедно+
и ќе бидете пристрасни кон злите?+ (Села)
3 Бидете им судии на бедниот и на детето без татко!+
Дајте им правда на страдалникот и на сиромашниот!+
4 Спасете ги бедниот и сиромавиот,+
избавете ги од рацете на злите!“+
5 Не сфаќаат и не разбираат,+
одат во темнина,+
разнишани се сите темели на земјата.+
6 „Јас реков: ‚Богови сте,+
и сите вие сте синови на Севишниот.+
7 Навистина ќе умрете како сите луѓе,+
ќе паднете како и сите кнезови!‘ “+
8 Стани, Боже, суди ѝ на земјата,+
зашто тебе ти припаѓаат сите народи.+