Неемија
4 А кога слушна дека го обновуваме ѕидот, Санавалат+ се разгневи+ и многу се разлути. Им се потсмеваше+ на Евреите 2 и вака рече пред своите браќа+ и пред самариската војска: „Што прават тие бедни Евреи? Зарем мислат дека ќе успеат? Ќе принесуваат ли жртви?+ Ќе завршат ли сѐ во еден ден? Ќе ги оживеат ли изгорените камења од купиштата прав?“+
3 А Товиј+ Амонецот+ стоеше покрај него и рече: „Само нека градат! Лисица+ да се залета во камениот ѕид што го градат, ќе го урне“.
4 Чуј,+ Боже наш, како нѐ презираат!+ Нивното потсмевање+ сврти го на нивна глава и предај ги како плен и нека станат заробеници во туѓа земја. 5 Немој да го покриваш нивниот престап+ и немој да го бришеш од пред себе нивниот грев, зашто ги навредуваат градителите.
6 И така продолживме да го градиме ѕидот, и наскоро целиот ѕид беше довршен до половина. А народот и понатаму имаше волја за работа.+
7 Кога слушнаа дека напредува поправањето на ерусалимските ѕидови и дека почнале да ги затвораат на нив урнатите места, Санавалат,+ Товиј,+ Арабјаните,+ Амонците+ и жителите на Азот+ многу се разгневија. 8 И сите заедно сковаа заговор+ да дојдат и да се борат против Ерусалим и да ме вознемируваат. 9 Но ние му се молевме+ на својот Бог и поради нив поставувавме стража дење и ноќе.
10 А оние од Јуда велеа: „Носачите+ ги издава силата, а урнатини+ има многу. Не можеме повеќе да го градиме ѕидот“.
11 Освен тоа, нашите непријатели велеа: „Нема ни да знаат+ ни да видат дури не дојдеме меѓу нив, па ќе ги испоубиеме и ќе ја запреме работата“.
12 А секојпат кога ќе дојдеа Евреите што живееја во нивна близина, по десет пати ќе ни речеа: „Ќе дојдат непријатели од сите краишта во кои ние живееме, а во кои вие ќе се вратите“.
13 Затоа поставив луѓе на најниските места зад ѕидот, на изложените места, ги поставив според нивните семејства, со мечеви,+ копја+ и лакови. 14 Штом видов дека се плашат, станав и им реков на достоинствениците,+ на намесниците+ и на останатиот народ: „Не плашете се+ од нив! Мислете на Јехова, великиот+ Бог кој влева страв,+ и борете се за своите браќа,+ за своите синови и ќерки, за своите жени и за своите домови!“
15 А нашите непријатели слушнаа дека сме дознале за тоа — бидејќи вистинскиот Бог ја спречи нивната намера,+ и сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа — 16 и од тој ден, половина од моите момци+ ја вршеа работата, а половина носеа копја, штитови лакови и оклопи.+ А кнезовите+ стоеја зад целиот дом на Јуда. 17 Оние што го градеа ѕидот и оние што носеа товари, со едната рака работеа, а со другата држеа копје.+ 18 И секој градител имаше меч опашан на колковите,+ и така градеше,+ а оној што дуваше во рог+ стоеше покрај мене.
19 Јас им реков на достоинствениците, на намесниците+ и на останатиот народ: „Работата е голема и обемна, а ние сме распрснати по ѕидот, далеку еден од друг. 20 Од кое место ќе го чуете звукот на рогот, таму соберете се кај нас. Нашиот Бог ќе се бори за нас“.+
21 И додека ја вршевме работата, другата половина ги држеше копјата, од рани зори до првите ѕвезди. 22 Во тоа време уште му реков на народот: „Секој со својот слуга нека ноќева во Ерусалим.+ Ноќе нека ни чуваат стража, а дење нека работат“. 23 А јас,+ и моите браќа,+ и моите слуги+ и стражарите+ што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките и секој го држеше своето копје+ во десната рака.