Еремија
6 Засолнете се, синови Венијаминови, бегајте од Ерусалим! Во Текоја+ затрубете во рог!+ На Вет-Акерем+ дајте знак со оган, зашто од север се надвисна над вас неволја, голема пропаст.+ 2 Сионската ќерка личи на мила и разгалена жена.+ 3 Кај неа тргнаа пастирите со своите стада. Насекаде околу неа ги распнаа своите шатори.+ Секој го испасе својот дел.+ 4 Ѝ објавија војна*+ и рекоа: „Станете! Да тргнеме на пладне!“+
„Тешко нам, зашто денот се ближи кон крајот и вечерните сенки се издолжуваат!“
5 „Станете! Да тргнеме ноќе и да ги уништиме нејзините утврдени дворци!“+
6 Зашто, вака вели Јехова над војските: „Исечете ги дрвјата+ и подигнете околу Ерусалим опсаден насип!+ Тоа е град кој треба да се повика на одговорност.+ Во него има само угнетување.+ 7 Како што во бунарот* секогаш има вода, така и во него секогаш има зло. Во него се слуша насилство и пустошење,+ болест и помор секогаш има пред моето лице. 8 Поправи се,+ Ерусалиме, за да не се одврати мојата душа со гадење од тебе+ и да не те претворам во пустош, во ненаселена земја!“+
9 Вака вели Јехова над војските: „Ќе го дособираат остатокот на Израел како што се дособира грозје од лоза.+ Посегни со раката како што берачот на грозје посегнува по ластарите на лозата!“
10 „Кому да му зборувам и кого да го опоменам, па да ме сослуша? Гледај, увото им е необрежано, па не можат да чујат.+ Гледај, за нив Јеховината реч стана за потсмев,+ не им е мила неговата реч.+ 11 А јас сум полн со Јеховин гнев, не можам повеќе да молчам.“+
„Излеј го на децата по улиците,+ а и на насобраните младичи! Зашто, и нив ќе ги зафати гневот, мажот и неговата жена, старецот и човекот во поодминати години.+ 12 Нивните куќи ќе им припаднат на други, а и нивните ниви и нивните жени.+ Зашто, ќе ја подигнам својата рака на жителите на оваа земја“, вели Јехова.+
13 „Од најмал до најголем, сите си трупаат неправедна добивка.+ Од пророк до свештеник, сите се измамници.+ 14 И површно ја лечат раната на мојот народ,+ велејќи: ‚Мир е! Мир е!‘ — а мир нема.+ 15 Се засрамија ли поради гадостите што ги правеа?+ Ниту се срамат ниту знаат да се понизат.+ Затоа ќе паднат со оние што паѓаат,+ ќе се сопнат кога ќе почнам да се пресметувам со нив“, вели Јехова.
16 Вака вели Јехова: „Застанете на патиштата и гледајте, и прашајте за старите патишта, прашајте каде е правиот пат,+ и одете по него,+ па ќе најдете мир за своите души!“+ Но народот вели: „Нема да одиме!“+ 17 „Ви поставив стражари+ и ви реков: ‚Внимавајте на звукот на рогот!‘ “+ А тие велат: „Нема да внимаваме!“+ 18 „Затоа, чујте народи! Знајте, вие насобрани мноштва, што ќе им се случи! 19 Чуј, земјо! Еве, носам неволја на овој народ+ — плод на нивните зли мисли+ — зашто не внимаваа на моите зборови и го отфрлија мојот закон.“+
20 „Што ќе ми е тој темјан што го носите од Сава+ и мирисливата трска од далечна земја? Вашите цели жртви паленици не ми се пријатни,+ вашите жртви не ми се мили.“+ 21 Затоа вака вели Јехова: „Еве, му поставувам на овој народ камења за спрепнување+ на кои ќе се спрепнат, и татковците и синовите заедно. Ќе загине и соседот и неговиот пријател“.+
22 Вака вели Јехова: „Еве, доаѓа народ од северна земја, голем народ се крева од краиштата на земјата.+ 23 Носат лак и копје,+ сурови се и немилосрдни, нивниот глас бучи како море,+ јаваат на коњи,+ наредени се како воини во борбени редови против тебе, ќерко сионска“.+
24 Чувме глас за нив. Рацете ни премалеа.+ Мака нѐ обзеде како родилни болки кај родилка.+ 25 Не излегувај во полето и не оди по патот, зашто се заканува непријателскиот меч, страв има насекаде!+ 26 Ќерко на мојот народ, препаши се со козина+ и во пепел валај се!+ Тагувај како за син единец, горко оплакувај,+ зашто ненадејно ќе дојде врз нас пустошникот!+
27 „Те поставив да го испитуваш мојот народ како што се испитува метал, внимателно да го истражуваш. Ќе го набљудуваш и ќе го испитуваш нивниот пат.+ 28 Сите тие се крајно тврдоглави луѓе,+ кои одат наоколу и клеветат+ — тие се бакар и железо. Сите се расипани.+ 29 Мешините+ се изгорени, а од огнот што го распалуваат излегува само олово.+ Напразно човек врши пречистување, злите не може да се издвојат.+ 30 Ќе ги наречат отфрлено сребро,+ зашто Јехова ги отфрли.“+