Проповедник
5 Внимавај на чекорите свои+ кога одиш во домот на вистинскиот Бог. Пристапи за да слушаш,+ а не за да дадеш жртва како што прават безумниците,+ зашто тие не знаат дека е зло тоа што го прават.+
2 Не избрзувај со устата своја и срцето твое+ нека не брза да изговори збор пред вистинскиот Бог.+ Зашто, вистинскиот Бог е на небото,+ а ти си на земјата. Затоа, нека бидат малобројни зборовите твои.+ 3 Зашто, сонот доаѓа од многу работа,*+ а глупавиот говор од многу зборови.+ 4 Кога ќе му се заветуваш на Бог, не колебај се да го исполниш тоа,+ зашто безумниците никому не му се мили.+ Тоа што си го заветувал, исполни го.+ 5 Подобро е да не се заветуваш+ отколку да се заветуваш, па да не го исполниш ветеното.+ 6 Не дозволувај ѝ на устата своја да го наведе на грев телото твое+ и не вели пред ангелот:+ „Се збунив!“+ Зошто вистинскиот Бог да се разгневи на твојот глас и да го уништи делото на твоите раце?+ 7 Зашто, од многу работа доаѓаат сонови+ и суети и мноштво зборови. Но бој се од вистинскиот Бог.+
8 Ако видиш дека некаде во земјата го угнетуваат сиромавиот и дека насилно се скратува правдата+ и праведноста, немој да се чудиш,+ зашто има и такви што се високо над високите, а оној што е повисок од високите+ го набљудува тоа.+
9 Сите тие луѓе имаат корист од земјата.+ И на самиот цар слугите му ги обработуваат нивите.+
10 Кој го љуби среброто, никогаш не му е доста сребро, и кој го сака богатството, никогаш не му е доста добивка.+ И тоа е суета.+
11 Таму каде што се умножува богатството, се умножуваат и оние што го јадат.+ И каква корист има од него господарот, освен што го гледа со очите?+
12 Сладок му е сонот+ на оној што служи, па јадел тој малку или многу, а богатството на богатиот не му дава да спие.
13 Има едно големо зло што го видов под сонцето: богатство што се чува за сопственикот на негово зло.+ 14 Тоа богатство пропаѓа+ поради зла незгода, па за синот што му се раѓа не му останува ништо во раката.+
15 Како што излегол гол од мајчината утроба, така гол и ќе си отиде,+ онаков каков што дошол. И ништо не може да понесе со себе+ за трудот свој, ништо не може да понесе во раката своја.
16 И ова е големо зло: како што дошол, така и ќе си замине. И каква корист има оној кому трудот му отишол во ветар?+ 17 А и во сите денови свои јаде во темнина, со голема грижа,+ со болест и со лутина.
18 Ете, видов дека е најдобро и најубаво, човек да јаде и да пие и да ужива во доброто од трудот свој+ со кој се труди под сонцето во сите денови на животот свој, кој му го дал вистинскиот Бог, зашто тоа му е награда. 19 И вистинскиот Бог на секој човек, кому му дал богатство и имот,+ му овозможил да јаде од него+ и да си ја зема својата награда и да се радува поради трудот свој.+ Тоа е дар Божји.+ 20 Човекот не размислува често за деновите на животот свој, бидејќи вистинскиот Бог му го исполнува срцето со радост.+