Проповедник
11 Фрли го лебот свој+ на површината на водата,+ и по многу дни пак ќе го најдеш.+ 2 Дај им по еден дел на седуммина, па дури и на осуммина,+ зашто не знаеш какво зло ќе се случи на земјата.+
3 Кога облаците ќе се наполнат со вода, истураат дожд на земјата.+ И ако падне дрво+ кон југ или кон север — кај што паднало, таму и останува.
4 Кој внимава на ветрот, никогаш не сее, и кој гледа на облаците, никогаш не жнее.+
5 Како што не знаеш како дејствува духот во коските на детето во утробата на трудна жена,+ така не го знаеш делото на вистинскиот Бог, кој прави сѐ.+
6 Наутро сеј го семето свое и до вечерта нека не ти почива раката.+ Зашто, не знаеш каде ќе имаш успех,+ овде или онде, или и едното и другото ќе биде еднакво добро.
7 Слатка е светлината и пријатно е за очите да гледаат сонце.+ 8 Зашто, ако човек живее и многу години, нека се радува во сите нив.+ И нека се сети на мрачните денови,+ кои можат да бидат многубројни. Секој ден што доаѓа е суета.+
9 Радувај се,+ момче, во младоста своја, и нека те весели срцето во деновите на младоста, и оди по патиштата на срцето свое и по она што го гледаат очите твои.+ Но знај дека за сето тоа вистинскиот Бог ќе те изведе на суд.+ 10 Затоа, отстрани ја болката од срцето свое и оддалечи ја неволјата од телото свое,+ зашто младоста и најубавите години од животот се суета.+