2. Мојсеева
19 Во третиот месец, откако синовите на Израел излегоа од египетската земја,+ на тој ден дојдоа во Синајската Пустина.+ 2 Тргнувајќи од Рафидин,+ дојдоа во Синајската Пустина и се улогорија во пустината.+ Израел се улогори таму пред планината.+
3 Мојсеј се искачи кај вистинскиот Бог, и Јехова го повика од планината+ и му рече: „Вака кажи му на домот на Јаков и речи им на синовите на Израел: 4 ‚Видовте што им сторив на Египќаните,+ како ве носев на орловски крилја и ве доведов кај себе.+ 5 А сега, ако го слушате верно+ мојот глас и ако го држите мојот сојуз,+ ќе ми бидете најмилата сопственост меѓу сите други народи,+ зашто е моја целата земја.+ 6 И ќе ми бидете царство на свештеници и свет народ‘.+ Ова се зборовите што треба да им ги кажеш на синовите на Израел“.
7 И Мојсеј се врати и ги повика старешините+ на народот и им изнесе сѐ што му заповеда Јехова.+ 8 Потоа сиот народ едногласно одговори: „Сѐ што рекол Јехова ќе правиме“.+ Мојсеј веднаш му го пренесе на Јехова одговорот на народот.+ 9 А Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, ќе дојдам кај тебе во темен облак+ за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе+ и да ти верува засекогаш“.+ Тогаш Мојсеј му го пренесе на Јехова одговорот на народот.
10 А Јехова му рече на Мојсеј: „Оди кај народот и посветувај го денес и утре. Народот нека си ја испере облеката.+ 11 Нека бидат готови за третиот ден, зашто на третиот ден Јехова ќе слезе на планината Синај пред очите на сиот народ.+ 12 А ти постави граници за народот отсекаде наоколу и речи: ,Внимавајте да не се качувате на планината и да не се допрете до нејзиното подножје! Секој што ќе се допре до планината, ќе биде погубен.+ 13 Ничија рака да не се допре до престапникот, зашто ќе биде затрупан со камења или застрелан со стрела! Сеедно дали е животно или човек, нема да остане жив‘.+ Кога ќе се огласи овнешкиот рог,+ тогаш можат да пријдат до планината“.
14 Тогаш Мојсеј слезе од планината кај народот и почна да го посветува народот. И народот си ја испра облеката.+ 15 Потоа му рече на народот: „Бидете готови+ за третиот ден. Не приближувајте се до жена!“+
16 А на третиот ден кога самна утрото, загрмеа громови и засветкаа молњи.+ Густ облак+ се надви над планината и се зачу многу силен звук од рог,+ така што затрепери целиот народ што беше во логорот.+ 17 Тогаш Мојсеј го изведе народот од логорот во пресрет на вистинскиот Бог. И застанаа во подножјето на планината.+ 18 Целата планина Синај се обви со чад+ зашто Јехова слезе на неа во оган.+ Чадот се креваше како чад од печка за тули,+ а целата планина се тресеше силно.+ 19 Додека гласот на рогот стануваше сѐ посилен, Мојсеј зборуваше, а вистинскиот Бог му одговараше со силен глас.+
20 Така Јехова слезе на планината Синај, на врвот од планината. Тогаш Јехова го повика Мојсеј на врвот од планината, и Мојсеј се искачи.+ 21 И Јехова му рече на Мојсеј: „Слези и опомени го народот да не се обидува да се пробие кон Јехова за да гледа, та мнозина да изгинат!+ 22 А и свештениците, кои му пристапуваат на Јехова, нека се посветат+ за да не ги погуби Јехова!“+ 23 Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Не може народот да дојде на планината Синај бидејќи ти веќе нѐ предупреди: ‚Постави граници околу планината и посвети ја!‘ “+ 24 Но Јехова му возврати: „Појди долу, па качи се пак со Арон. Но свештениците и народот да не ги преминуваат границите за да се искачат кај Јехова, за да не ги погубам!“+ 25 Така слезе Мојсеј кај народот и му го кажа сето тоа.+