Јаков
2 Браќа мои, можно ли е да верувате во нашиот Господар* Исус Христос, нашата слава,+ а истовремено да постапувате пристрасно?+ 2 Зашто, ако на ваш состанок+ дојде човек со златни прстени и во раскошна облека, а дојде и сиромав во валкана облека,+ 3 па вие со наклоност гледате+ на оној што носи раскошна облека и му велите: „Седни овде на убаво место“, а на сиромавиот му велите: „Ти остани да стоиш“, или: „Седни таму на подот“, 4 зарем тогаш не правите разлики меѓу себе+ и зарем не сте станале судии+ кои донесуваат зол суд?+
5 Слушајте, браќа мои сакани. Зарем Бог не ги избра оние што се сиромашни+ во светот за да бидат богати+ во верата и наследници на царството, кое им го вети на оние што го сакаат?+ 6 А вие го пониживте сиромавиот. Не се ли токму богатите тие што ве угнетуваат?+ Не ве влечат ли токму тие пред судови?+ 7 Не хулат ли+ токму тие на чесното име што го носите?+ 8 Значи, ако го исполнувате царскиот закон,+ според зборовите од Писмото: „Сакај го својот ближен како себеси“,+ добро правите. 9 Но, ако сте пристрасни,+ правите грев, и законот ве осудува+ како престапници.
10 Зашто, кој го држи целиот Закон, а прекршува само една одредба, виновен е како да прекршил сѐ.+ 11 Зашто, оној што рекол: „Не врши прељуба“,+ исто така рекол: „Не убивај“.+ Значи, ако не вршиш прељуба, но убиваш, виновен си за престапување на законот. 12 Зборувајте и постапувајте како оние што очекуваат да бидат судени според законот на слободата.+ 13 Зашто, оној што не е милосрден кон другите, него го чека немилосрден суд.+ Милосрдноста слави победа над судот.
14 Од каква корист е, браќа мои, ако некој вели дека има вера,+ но нема дела?+ Може ли таквата вера да го спаси?+ 15 Ако некој брат или сестра немаат што да облечат и им недостасува секојдневната храна,+ 16 а некој од вас им рече: „Одете во мир, згрејте се и наситете се“, но не им го даде она што му е потребно на нивното тело, од каква корист е тоа?+ 17 Така е и со верата — ако нема дела,+ сама по себе е мртва.
18 Но некој би можел да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам својата вера преку своите дела“.+ 19 Веруваш дека постои еден Бог, зар не?+ Добро правиш. Но и демоните веруваат — и се тресат.+ 20 Кога ќе сфатиш, неразумен човеку, дека верата без дела е бескорисна? 21 Зарем Авраам, нашиот татко,+ не беше прогласен за праведен поради неговите дела, кога на жртвеникот го принесе својот син Исак?+ 22 Гледаш дека неговата вера им се придружи на неговите дела, и преку делата му се усоврши верата+ 23 и се исполнија зборовите од Писмото: „Авраам му поверува на Јехова, а тој го сметаше за праведен поради тоа“,+ и беше наречен „Јеховин пријател“.+
24 Гледате дека човек ќе биде прогласен за праведен+ поради делата,+ а не само поради верата.+ 25 Зарем и блудницата Раав+ не беше исто така прогласена за праведна поради делата, кога гостољубиво ги прими извидувачите и ги испрати по друг пат?+ 26 Значи, како што телото без дух* е мртво,+ така и верата без дела е мртва.+