Јона
3 Потоа по вторпат му дојде на Јона Јеховината реч:+ 2 „Стани, оди во Ниневија, големиот град, и објави го она што ти велам да му го објавиш!“+
3 Тогаш Јона стана и отиде во Ниневија според речта Јеховина.+ А Ниневија беше значаен град* во очите на Бог,+ и беа потребни три дена одење за да се помине. 4 И Јона влезе во градот, па пешачеше низ него еден ден, објавувајќи: „Уште само четириесет дена и Ниневија ќе биде уништена!“+
5 А луѓето од Ниневија му поверуваа на Бог,+ па објавија пост и се облекоа во козина,+ сите, од најголемиот до најмалиот. 6 А кога речта стигна до царот на Ниневија,+ тој стана од својот престол и го соблече своето царско руво, се покри со козина и седна во пепел.+ 7 Освен тоа, тој заповеда да се состави проглас и да се прочита во Ниневија, според одредбата на царот и на неговите големци:
„Ни луѓето ни стоката, ни крупната ни ситната, не смеат да вкусат ништо! Не смеат да јадат ништо! Не смеат да пијат ни вода!+ 8 И нека се покријат со козина и луѓето и стоката! Нека го повикуваат Бог со сета сила и нека се одвратат+ сите од својот лош пат и од насилството што е во нивните раце! 9 Кој знае, можеби вистинскиот Бог ќе се одврати, ќе му падне жал+ и нема да го покаже својот разгорен гнев, па нема да изгинеме?“+
10 И вистинскиот Бог ги виде нивните дела,+ дека се вратија од својот лош пат,+ и затоа на вистинскиот Бог му падна жал+ што им се закани со неволја, и не им ја нанесе.+