Авдија
1 Видението на Авдија:
Вака рече за Едом Севишниот Господар Јехова:+ „Чувме вест од Јехова, испратен е гласник меѓу народите: ‚Станете! Да се кренеме во борба против него!‘ “+
2 „Гледај, те направив мал меѓу народите.+ Многу си презрен.+ 3 Надменоста на твоето срце те измами тебе+ што живееш меѓу камените клисури,+ во своето високо живеалиште, и во срцето си велиш: ‚Кој е тој што ќе ме собори на земја?‘ 4 Ако се сместиш високо како орел или ако го направиш своето гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те соборам“,+ вели Јехова.
5 „Кога би дошле кај тебе крадци или пљачкаши ноќе, колку би те опљачкале?*+ Зар не би украле само онолку колку што сакаат? Или кога би дошле кај тебе берачи на грозје, зар не би оставиле нешто за доберување?+ 6 Е, што претресување му дадоа на Исав!+ Ама ги разоткрија неговите скриени ризници! 7 Те испратија дури до границата. Те измамија+ токму оние што ти беа сојузници. Луѓето кои се во мир со тебе те надвладеаја.+ Оние што јадеа со тебе ќе постават мрежа под тебе како под некој што нема разборитост.+ 8 Нема ли да биде така во тој ден?“ — вели Јехова.
„Ќе ги истребам мудреците во Едом+ и разборитоста на планините на Исав. 9 Јунаците твои, Темане,+ ќе ги фати страв+ зашто сите од планините на Исав+ во колеж ќе бидат истребени.+ 10 Поради насилството над твојот брат Јаков,+ срам ќе те покрие+ и ќе бидеш истребен засекогаш.+ 11 Во оној ден кога ти стоеше настрана, во оној ден кога туѓинци ја одведоа во заробеништво неговата војска+ и кога туѓинци влегоа низ неговата порта+ и фрлаа ждрепка за Ерусалим,+ ти беше како еден од нив.
12 Не требаше да му се ситиш на денот на брата си,+ денот на неговата несреќа, ниту да се радуваш на денот кога гинеа синовите на Јуда,+ ниту, пак, со цела уста да се подбиваш во денот на нивната неволја. 13 Не требаше да влегуваш низ портата на мојот народ во денот на неговата пропаст.+ Не смееше да ја гледаш неговата несреќа во денот на неговата пропаст и не смееше да посегнеш со рака по неговото богатство во денот на неговата пропаст.+ 14 Не смееше да стоиш на раскрсниците за да ги погубиш неговите бегалци.+ Не смееше да ги предаваш неговите преживеани во денот на неволјата.+ 15 Зашто, близу е денот на Јехова против сите народи.+ Како што си направил со другите, така ќе се постапува со тебе.+ Твоите дела ќе ти се вратат на твоја глава.+ 16 Зашто, како што вие ја пиевте чашата на мојот гнев на мојата света гора така ќе ја пијат сите народи без престан.+ Ќе пијат и ќе локаат, ќе бидат како никогаш да не постоеле.
17 А преживеаните ќе бидат на гората Сион,+ и таа ќе биде света,+ а домот на Јаков ќе го заземе својот посед.+ 18 И домот на Јаков ќе стане оган,+ домот на Јосиф пламен, а домот на Исав стрниште+ — тие ќе го запалат и ќе го проголтаат. И никој од домот на Исав нема да преживее,+ зашто Јехова рече така. 19 И ќе го заземат Негев,* и планините на Исав,+ и Шефела* и филистејската+ земја. И ќе ја заземат Ефремовата+ и самариската+ земја, а Венијамин ќе го заземе Галад.+ 20 На изгнаниците од овој бедем,+ на синовите на Израел, ќе им припадне она што беше ханаанско+ сѐ до Сарепта;+ а изгнаниците од Ерусалим, кои беа во Сефарад, ќе ги заземат градовите во Негев.+
21 Спасителите+ ќе се качат на гората Сион+ за да им судат на планините на Исав,+ и царската власт ќе му припадне на Јехова.“+