ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Захарија 2
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Захарија — краток преглед

      • Трето видение: Човек со мерно јаже (1-13)

        • Ерусалим ќе биде измерен (2)

        • Јехова ќе биде „огнен ѕид“ (5)

        • „Кој ве допира вас, ја допира зеницата на моето око“ (8)

        • Многу народи ќе застанат на страната на Јехова (11)

Захарија 2:1

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/12/2007, стр. 10

Захарија 2:6

Фусноти

  • *

    Буквално: „кон четирите небесни ветрови“.

Захарија 2:8

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    1/2024, стр. 27

    Приближи му се на Јехова, стр. 248

    Стражарска кула,

    15/8/2007, стр. 26

    1/8/1997, стр. 15

Захарија 2:11

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/3/2010, стр. 27-28

    Јеховиниот ден, стр. 144, 176

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
Свето писмо — превод Нов свет
Захарија 2:1-13

Захарија

2 Погледнав нагоре и видов човек со мерно јаже во рацете. 2 Го прашав: „Каде одиш?“

А тој ми одговори: „Одам да го измерам Ерусалим за да видам колку е широк и колку е долг“.

3 Тогаш ангелот што зборуваше со мене тргна да си оди, а еден друг ангел му излезе во пресрет 4 и му рече: „Побрзај и кажи му на младиот човек: ’„Ерусалим ќе биде населен со толку многу луѓе и добиток што ќе биде како град без ѕидови. 5 А јас ќе бидам огнен ѕид околу него“, вели Јехова, „и ќе го исполнам со својата слава“‘“.

6 „’Брзо! Брзо! Бегајте од северната земја!‘, вели Јехова.

’Јас ве расеав на сите страни‘,* вели Јехова.

7 Брзо, Сионе! Бегај, ти што живееш кај вавилонската ќерка! 8 Ова го вели Јехова над војските кој, откако се прослави, ме испрати кај народите што ве ограбуваа: ’Кој ве допира вас, ја допира зеницата на моето око. 9 А сега, јас ќе кренам рака на нив, и тие ќе им станат плен на своите сопствени робови‘. И тогаш ќе знаете дека ме испрати Јехова над војските.

10 ’Извикувај радосно, ќерко сионска, бидејќи доаѓам и ќе живеам кај тебе‘, вели Јехова. 11 ’Во тој ден, многу народи ќе застанат на моја страна и ќе станат мој народ, а јас, Јехова, ќе живеам кај тебе.‘ Тогаш ќе знаеш дека Јехова над војските ме испрати кај тебе. 12 Јехова ќе го земе Јуда како свој посед во светата земја и повторно ќе го избере Ерусалим. 13 Нека молчат сите луѓе пред Јехова, бидејќи тој доаѓа од своето свето живеалиште за да ја исполни својата намера.“

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели