Захарија
13 Во тој ден+ ќе се отвори извор на вода+ за Давидовиот дом и за жителите на Ерусалим за да се измијат од гревот+ и од гадоста.+
2 И во тој ден“, вели Јехова над војските, „ќе ги искоренам од земјата имињата на сите идоли,+ и тие повеќе нема да се спомнуваат, а и пророците+ и духот на нечистотијата ќе го отстранам од земјата.+ 3 А ако се случи да пророкува уште некој, татко му и мајка му, кои го родиле, ќе му речат: ‚Нема повеќе да живееш зашто кажуваше лаги во Јеховино име‘. Татко му и мајка му, кои го родиле, ќе го прободат поради тоа што пророкувал.+
4 Во тој ден, секој пророк, кога ќе пророкува, ќе се посрами+ од своето видение и нема да носи пророчка наметка+ за да лаже. 5 И ќе рече: ‚Јас не сум пророк. Јас сум земјоделец, зашто еден човек ме купи како роб уште кога бев млад‘. 6 И некој ќе го праша: ‚Какви се тие рани што ги имаш по телото?‘ А тој ќе одговори: ‚Ги добив во куќата на оние што многу ме сакаат‘.“
7 „Разбуди се, мечу, против мојот пастир,+ против човекот кој ми е другар!“+ — вели Јехова над војските. „Удри го пастирот,+ нека се разбегаат овците од стадото!+ И милостиво ќе ја свртам раката кон безначајните.“+
8 „И од целата земја“, вели Јехова, „две третини ќе бидат истребени, погубени,+ а третата ќе остане во неа.+ 9 И таа третина ќе ја поминам низ оган,+ ќе ја пречистам како што се пречистува сребро+ и ќе ја испитам како што се испитува злато.+ И ќе го повикаат моето име, а јас ќе се оѕвијам.+ Ќе речам: ‚Тоа е мојот народ‘,+ а тие ќе речат: ‚Јехова е нашиот Бог‘.“+