1. Мојсеева
16 Сараја, жената на Аврам, уште не му беше родила деца.+ А имаше една слугинка од Египет, која се викаше Агара.+ 2 Затоа Сараја му рече на Аврам: „Те молам, послушај ме! Јехова ме направи неротка.+ Затоа те молам, легни со мојата слугинка! Можеби ќе добијам деца од неа“.+ И Аврам ги послуша зборовите на Сараја.+ 3 Тогаш Сараја, жената на Аврам, ја зеде Египќанката Агара, својата слугинка, на крајот од десетте години што Аврам ги помина во ханаанската земја, и му ја даде за жена на својот маж Аврам.+ 4 Така тој легна со Агара, и таа забремени. А кога виде дека е бремена, почна да ја презира својата господарка.+
5 Тогаш Сараја му рече на Аврам: „Навредата што ми се нанесува мене нека падне врз тебе. Јас ти ја дадов во прегратка мојата слугинка, но откако виде дека е бремена, таа ме презира. Јехова нека суди помеѓу мене и тебе“.+ 6 Затоа Аврам ѝ рече на Сараја:+ „Еве, твојата слугинка е во твои раце. Направи со неа онака како што мислиш дека е добро“.+ И Сараја почна да ја понижува, па таа побегна од неа.+
7 Но Јеховин ангел+ подоцна ја најде на еден воден извор во пустината, извор што се наоѓа на патот за Сур.+ 8 Па ја праша: „Агаро, слугинко на Сараја, од каде дојде и каде одиш?“ Таа рече: „Еве, бегам од мојата господарка Сараја“. 9 А Јеховиниот ангел ѝ рече: „Врати се кај својата господарка и понижи се под нејзината рака!“+ 10 Тогаш Јеховиниот ангел ѝ рече: „Многу ќе го намножам твоето потомство,+ ќе го има толку многу што не ќе може да се изброи“.+ 11 Потоа Јеховиниот ангел продолжи: „Еве, бремена си и ќе родиш син, и дај му го името Исмаел,*+ зашто Јехова чу за твојата мака.+ 12 А тој ќе биде како зебра. Ќе крева рака на секого и секој ќе крева рака на него,+ и ќе ги подигне своите шатори пред лицето на сите свои браќа“.+
13 Тогаш таа почна да го повикува името на Јехова, кој зборуваше со неа, па рече: „Ти си Бог што гледа“,+ зашто, како што рече: „Дали овде навистина го гледав оној што ме гледа мене?“ 14 Затоа оној бунар беше наречен Веер-Лахај-Рој.*+ Тој се наоѓа помеѓу Кадис и Веред. 15 И Агара му роди син на Аврам, а Аврам на својот син, кој го роди Агара, му го даде името Исмаел.+ 16 Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаел.