2. Самоилова
7 Кога царот се насели во својот дворец+ и кога Јехова му даде да си отпочине од сите негови непријатели наоколу,+ 2 царот му рече на пророкот Натан:+ „Погледни! Јас живеам во дворец од кедрово дрво,+ а ковчегот на вистинскиот Бог се наоѓа под шатор“.+ 3 Тогаш Натан му рече на царот: „Оди и направи сѐ што ти е на срцето,+ зашто Јехова е со тебе!“
4 Но во таа ноќ на Натан му дојде Јеховината реч:+ 5 „Оди и речи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова: „Зар ти ќе ми изградиш дом за да живеам во него?+ 6 Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите на Израел од Египет до денес,+ туку секогаш патував наоколу+ и бев под шатор.+ 7 Додека патував наоколу со сите Израелови синови,+ дали на она Израелово племе+ на кое му заповедав да му биде пастир на мојот народ Израел некогаш му реков: ‚Зошто не ми изградивте дом од кедрово дрво?‘ “ ‘ 8 Затоа сега вака кажи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова над војските: „Јас те зедов од пасиштето, откај стадото што го чуваше,+ за да му бидеш водач+ на мојот народ Израел. 9 И ќе бидам со тебе каде и да појдеш+ и ќе ги истребам сите твои непријатели од пред тебе.+ Ќе ти направам големо име,+ како името на големите луѓе на земјата. 10 И ќе му одредам место+ на својот народ Израел, ќе го засадам+ за да живее на своето место и никој повеќе нема да го вознемирува. Неправедниците нема повеќе да го угнетуваат како порано,+ 11 кога му поставував судии+ на својот народ Израел. Јас ќе ти дадам да си отпочинеш од сите свои непријатели.+
Јехова ти јавува: Јехова ќе ти направи дом.+ 12 Кога ќе дојде времето+ да починеш кај своите прататковци,+ ќе подигнам по тебе твој потомок, кој ќе потекне од тебе, и ќе го зацврстам неговото царство.+ 13 Тој ќе му изгради дом на моето име,+ а јас ќе го утврдам за навек престолот на неговото царство.+ 14 Јас ќе му бидам татко,+ а тој ќе ми биде син.+ Ако постапи погрешно, ќе го укорам со човечка прачка+ и со ударите на човечките* синови. 15 Својата милост* нема да ја одвратам од него како што ја одвратив од Саул,+ кого го тргнав од пред тебе. 16 Твојот дом и твоето царство ќе траат довека. Твојот престол цврсто ќе стои довека“ ‘ “.+
17 Така Натан му ги пренесе на Давид сите овие зборови и целото видение.+
18 Тогаш цар Давид дојде, седна пред Јехова и рече: „Кој сум јас,+ Севишен Господару Јехова, и што е мојот дом, та ме доведе до тука? 19 И како да е и тоа премалку во твои очи, Севишен Господару Јехова, па уште зборуваш што ќе биде со домот на твојот слуга во далечна иднина!+ И тоа е закон за сите луѓе, Севишен Господару Јехова.+ 20 Што би можел уште да ти каже Давид, кога добро го познаваш својот слуга,+ Севишен Господару Јехова? 21 Заради својата реч+ и според своето срце+ ти си ги направил сите овие големи дела и му ги објави на својот слуга.+ 22 Затоа и си голем,+ Севишен Господару Јехова! Никој не е како тебе+ и никој не е Бог освен тебе,+ никој од боговите за кои сме слушале со свои уши! 23 Кој народ на земјата е како твојот народ Израел?+ Него, Боже, ти го откупи за да биде твој народ+ и си стекна за себе име+ правејќи за него големи и застрашувачки дела+ — ги истера другите народи и нивните богови заради својот народ, кого го откупи+ за себе од Египет. 24 И одреди твојот народ Израел+ да биде твој народ довека, а ти, Јехова, стана негов Бог.+
25 Затоа сега, Јехова Боже, исполни го за сите времиња она што го кажа за својот слуга и за неговиот дом и направи така како што вети!+ 26 Твоето име нека биде големо довека+ и нека се зборува: ‚Јехова над војските е Богот на Израел‘!+ Домот на твојот слуга Давид цврсто нека стои пред тебе!+ 27 Зашто ти, Јехова над војските, Боже Израелов, му јави на својот слуга: ‚Ќе ти изградам дом‘.+ Затоа твојот слуга се осмели да ти се обрати со оваа молитва.+ 28 Навистина, Севишен Господару Јехова, ти си вистински Бог! Твоите зборови нека бидат вистинити,+ зашто на својот слуга му го даде ова добро ветување.+ 29 Те молам, благослови+ го домот на својот слуга за да остане довека пред тебе.+ Зашто ти, Севишен Господару Јехова, го вети тоа, и со твојот благослов нека биде благословен домот на твојот слуга довека“.+