2. Самоилова
17 Ахитофел потоа му рече на Авесалом: „Те молам, дозволи ми да изберам дванаесет илјади луѓе, па уште ноќеска да тргнам во потера по Давид.+ 2 Ќе го нападнам додека е уморен и со премалени раце+ и ќе го исплашам. Кога ќе се разбега сиот народ што е со него, ќе го убијам царот,+ 3 а сиот народ ќе го доведам назад кај тебе. Дали сите луѓе ќе се вратат или не, зависи од она што ќе се случи со човекот кого го бараш. Тогаш сиот народ ќе биде мирен“. 4 Тоа им се допадна на Авесалом+ и на сите израелски старешини.
5 Но Авесалом рече: „Повикајте го и Архиецот Хусај+ да чуеме што ќе ни каже тој!“ 6 Кога Хусај дојде пред Авесалом, Авесалом му рече: „Вака и вака советуваше Ахитофел. Ќе направиме ли како што кажа тој? Ако не, што велиш ти?“ 7 Тогаш Хусај му рече на Авесалом: „Советот што го дал Ахитофел овој пат не е добар“.+
8 Хусај потоа продолжи: „Ти знаеш дека татко ти и неговите луѓе се јунаци+ и дека се лути+ како мечка која ги изгубила мечињата в поле.+ Татко ти е воин+ и нема да ноќева со народот. 9 Гледај, тој сега се крие+ во некаква јама или на некое друго место. Ако тој прв ги нападне нашите луѓе, секој што ќе чуе за тоа ќе рече: ‚Поразен е народот што го следи Авесалом!‘ 10 Тогаш и најхрабриот, кој има срце како лав,+ ќе изгуби смелост.+ Зашто, целиот Израел знае дека твојот татко е јунак+ и дека се храбри оние што се со него.+ 11 Затоа јас советувам вака: целиот Израел, од Дан до Вирсавеја,+ нека се собере околу тебе, многуброен како песокот на морскиот брег,+ а и ти самиот тргни во битка.+ 12 Ќе го нападнеме таму каде што се наоѓа+ и ќе се нафрлиме на него како што росата+ паѓа на земја. И нема да го оставиме жив ни него ни некој од луѓето што се со него. 13 А ако се повлече во некој град, сиот Израел ќе донесе јажиња под тој град, па ќе го одвлечеме во речната долина, така што ни камче нема да остане од него“.+
14 Тогаш Авесалом и сите Израелци рекоа: „Советот на Архиецот Хусај е подобар+ од советот на Ахитофел“. Зашто, Јехова одреди+ да се осуети+ добриот совет на Ахитофел.+ Јехова го направи тоа за да му нанесе неволја+ на Авесалом.
15 Потоа Хусај им рече на свештениците Садок+ и Авијатар: „Така и така Ахитофел ги советуваше Авесалом и старешините на Израел, а јас ги советував вака и вака. 16 Затоа сега брзо порачајте му на Давид:+ ‚Ноќеска немој да ноќеваш во пустинските рамници, туку веднаш премини на другата страна,+ за да не загинат+ царот и сиот народ што е со него‘ “.
17 А Јонатан+ и Ахимас+ беа кај Ен-Рогел.+ Една слугинка дојде кај нив и им ги донесе вестите, а потоа тие отидоа за да му го кажат тоа на цар Давид. Тие не смееја да влезат во градот за да не ги види некој. 18 Но ги виде еден младич и му го јави тоа на Авесалом. А тие двајцата брзо заминаа и дојдоа во куќата на еден човек во Бахурим,+ во чиј двор имаше бунар. И тие се спуштија во тој бунар. 19 Потоа дојде жената на тој човек, зеде покривка и ја посла преку отворот на бунарот и по неа потури столчени зрна,+ така што ништо не можеше да се забележи. 20 Слугите на Авесалом дојдоа кај таа жена во куќата и ја прашаа: „Каде се Ахимас и Јонатан?“ А жената им одговори: „Одовде отидоа кон водата“.+ И тие продолжија да ги бараат, но не ги најдоа,+ па се вратија во Ерусалим.
21 Кога слугите си заминаа, тие излегоа од бунарот и отидоа да го известат цар Давид. Му рекоа на Давид: „Станете и брзо преминете преку водата, зашто така и така советувал+ Ахитофел против вас“. 22 И Давид веднаш тргна на пат заедно со сиот народ што беше со него и го премина Јордан.+ Кога осамна, не остана ниту еден што не го премина Јордан.
23 Кога Ахитофел виде дека не постапија според неговиот совет,+ го оседла магарето, тргна на пат и отиде во својата куќа во својот град.+ Откако му ги издаде потребните заповеди на својот дом,+ се обеси,+ и така умре.+ Го погребаа+ во гробот на неговите прататковци.
24 Давид дојде во Маханаим.+ Авесалом, пак, го премина Јордан со сите Израелци што беа со него. 25 Наместо Јоав,+ Авесалом го постави над војската Амаса.+ Амаса беше син на еден Израелец по име Итра,+ кој легна со Авигеја,+ ќерката на Наас, сестра на Серуја, мајката на Јоав. 26 Израел и Авесалом се улогорија во галадската+ земја.
27 Кога Давид дојде во Маханаим, тогаш Совиј, синот на Наас од Рава,+ која им припаѓаше на Амоновите синови,+ потоа Махир,+ синот на Амил+ од Ло-Девар, и Галадецот Варзелај+ од Рогелим+ 28 донесоа постели, чинии, земјени садови, пченица, јачмен, брашно,+ пржени зрна,+ грав,+ леќа+ и препечени зрна, 29 мед,+ маст,+ овци и кравјо сирење. Сето тоа му го донесоа на Давид и на народот што беше со него за да јадат,+ зашто си мислеа: „Народот огладнел, се уморил и ожеднел во пустината“.+