2. Самоилова
23 Ова се последните зборови на Давид:+
„Зборови на Давид, синот на Јесеј,+
зборови на човек што беше високо издигнат,+
помазаник+ на Богот на Јаков,
омилен во Израел и опеан во песните.+
3 Богот на Израел ми рече,
Карпата на Израел ми рече:+
‚Кога со луѓето владее праведник,+
кој владее со Божји страв,+
4 неговото владеење е како утринската светлина кога ќе светне сонцето,+
како утро без облаци.
Од светлина и од дожд никнува трева од земјата‘.+
5 Не е ли таков мојот дом пред Бог?+
Зашто, тој склучи вечен сојуз+ со мене,
добро уреден и утврден во сѐ.+
Тој сојуз е сето мое спасение+ и сета моја радост.
Нема ли Бог да го направи успешен поради тоа?+
8 Ова се имињата на Давидовите јунаци:+ Тахмонецот Јосев-Васевет,+ главен меѓу тројцата. Тој еднаш со своето копје уби осумстотини луѓе. 9 Потоа, Елеазар,+ синот на Додо,+ син на Ахохи, кој беше еден од тројцата јунаци на Давид кога ги посрамотија Филистејците. Филистејците таму се беа собрале за битка, а Израелците се повлекоа.+ 10 Но тој се крена и удираше на Филистејците сѐ додека раката не му се умори и остана како залепена за мечот.+ Така Јехова даде голема победа во тој ден.+ А луѓето се вратија следејќи го Елеазар само за да ги ограбат убиените.+
11 Потоа тука беше Сама, синот на Аге Арарецот.+ Еднаш Филистејците се собраа во Лехи, каде што тогаш имаше нива полна со леќа.+ И додека војската бегаше пред Филистејците, 12 тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+
13 Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ појдоа во времето на жетвата и дојдоа кај Давид во адоламската+ пештера. А Филистејците се улогорија под шатори во рефаимската долина.+ 14 Давид тогаш беше во своето скривалиште,+ а во тоа време во Витлеем имаше филистејска стража.+ 15 И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода од витлеемскиот бунар* што е кај градската порта!“+ 16 Тогаш тие тројца јунаци продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но тој не сакаше да пие, туку ја истури+ пред Јехова. 17 И рече: „Никогаш не би направил такво нешто,+ Јехова! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија на опасност својата душа?“ И не сакаше да пие.
Тоа го направија тие тројца јунаци.
18 А Ависај,+ братот на Јоав, син на Серуја,+ беше заповедник на триесеттемина. Тој, замавнувајќи со своето копје, уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца.+ 19 Иако беше најистакнат меѓу триесеттемина и им беше заповедник, не ги достигна првите тројца.+
20 Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден,+ слезе во јама за вода и уби лав.+ 21 Уби и еден Египќанец со необично крупна става.+ Иако Египќанецот имаше копје во раката, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+ 22 Тоа го направи Венај,+ синот на Јодај. Тој беше човек прочуен како и оние тројца јунаци.+ 23 Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна оние тројца. Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+
24 Асаил,+ братот на Јоав, беше меѓу триесеттемина. Потоа Елханан,+ синот на Додо од Витлеем, 25 Сама+ од Харод, Елика од Харод, 26 Хелис+ од Фалет, Ира,+ синот на Икис+ од Текоја, 27 Авиезер+ од Анатот,+ Мевунај од Хус,+ 28 Салмон, потомок на Ахохи,+ Махарај+ од Нетофа, 29 Хелев,+ синот на Вана од Нетофа, Етај,+ синот на Ривај од Гаваја на Венијаминовите синови, 30 Венај+ од Фаратон, Идај од долините околу Гаш,+ 31 Ави-Алвон од Вет-Арава, Азмавет+ од Бархум, 32 Елијава од Салвим, синовите на Јашен, Јонатан,+ 33 Сама од Арар, Ахијам,+ синот на Сарар од Арар, 34 Елифелет, синот на Асвеј, син на еден Макатец, Елиам, синот на Ахитофел+ од Гилон, 35 Есро+ од Кармил, Фареј од Араб, 36 Игал, синот на Натан+ од Сова, Вани од Гад, 37 Селек+ Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја, 38 Ира Етерецот,+ Гарив+ Јетеровецот, 39 Урија+ Хетеецот — вкупно триесет и седум луѓе.