1. Коринќаните
14 Дајте сѐ од себе во покажувањето љубов, а покрај тоа горливо трудете се да ги добиете даровите на духот,+ а особено дарот за пророкување.+ 2 Зашто, кој зборува на друг јазик, не им зборува на луѓе, туку на Бог, зашто никој не го разбира,+ иако преку духот зборува свети тајни.+ 3 А кој пророкува, тој со својот говор ги изградува,+ ги охрабрува и ги теши луѓето. 4 Кој зборува на друг јазик, се изградува себеси, а кој пророкува, го изградува собранието. 5 А јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици,+ но уште повеќе би сакал да пророкувате.+ Зашто, ако оној што зборува на други јазици+ не го преведува тоа за да се изгради собранието, оној што пророкува е поголем од него. 6 А сега, браќа, кога би дошол кај вас зборувајќи на други јазици, каква корист би имале вие од мене ако не ви зборувам со помош на небесна објава+ или знаење+ или пророштво или поука?
7 Имено, ако неживите предмети кои даваат звук+ — флејта или харфа — не даваат јасни тонови, како ќе се знае што се свири на флејтата или на харфата? 8 Зашто, ако трубата дава нејасен повик, кој ќе се подготви за битка?+ 9 Така и вие, ако со јазикот не зборувате разбирливи зборови,+ како ќе се разбере што зборувате? Ќе зборувате во ветар.+ 10 На светот има толку различни јазици, а ниту еден не е без значење. 11 Значи, ако не го разбирам значењето на изговорените зборови, ќе му бидам туѓинец+ на оној што зборува, а оној што зборува, ќе ми биде туѓинец мене. 12 Така и вие, бидејќи многу копнеете по даровите на духот,+ настојувајте да ги имате во изобилство заради изградување на собранието.+
13 Затоа, оној што зборува на друг јазик нека се моли за да може тоа да го преведува.+ 14 Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли дарот на духот кој сум го добил,+ но мојот ум нема удел во тоа. 15 Значи, што да се прави? Ќе се молам со дарот на духот, но ќе се молам и со умот. Ќе пеам фалбени песни+ со дарот на духот, но ќе ги пеам и со умот.+ 16 Зашто, ако го фалиш Бог со дарот на духот, како ќе може неупатениот човек да рече „амин“*+ кога ти му благодариш на Бог, ако не знае што зборуваш? 17 Без сомнение, ти добро му благодариш на Бог, но другиот не се изградува со тоа.+ 18 Му благодарам на Бог што зборувам повеќе јазици од сите вас.+ 19 Но во собранието попрво би кажал пет разбирливи збора* за да ги поучам и другите, отколку десет илјади зборови на некој друг јазик.+
20 Браќа, не бидете деца во разборитоста,+ туку бидете мали деца во поглед на злото,+ а во разборитоста бидете возрасни.+ 21 Во Законот е напишано: „,Со јазиците на туѓинци и со усните на странци+ ќе му зборувам на овој народ,+ но ниту тогаш нема да ме послушаат‘, вели Јехова“.+ 22 Според тоа, јазиците не се знак+ за верниците, туку за неверниците,+ а пророкувањето не е за неверниците, туку за верниците.+ 23 Затоа, ако целото собрание се собере заедно и сите зборуваат на други јазици,+ а влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте луди? 24 Но, ако сите пророкувате, а влезе некој неверник или неупатен, зборовите на сите вас влијаат врз него како укор+ и го наведуваат самиот да се процени. 25 И се покажуваат тајните на неговото срце,+ па ќе падне ничкум и ќе му се поклони на Бог,* признавајќи: „Навистина, Бог е меѓу вас!“+
26 Значи, што да се прави, браќа? Кога се собирате, некој изнесува псалм, некој поучува, некој изнесува небесна објава што ја добил, некој зборува на странски јазик, а некој го толкува она што е кажано.+ Сѐ нека биде за изградување.+ 27 И ако некои зборуваат на друг јазик, тоа нека го прават најмногу два-тројца, и тоа по ред, а некој нека преведува.+ 28 А ако нема преведувач, нека молчат во собранието, нека си зборуваат во себеси+ и на Бог. 29 И нека зборуваат двајца до тројца пророци,+ а другите нека размислуваат за значењето.+ 30 Но, ако добие објава некој друг што седи таму,+ првиот нека молчи. 31 Зашто, сите можете да пророкувате еден по еден,+ за сите да учат и сите да бидат охрабрени.+ 32 Имено пророците треба да управуваат со пророчките дарови на духот. 33 Зашто, Бог не е Бог на нередот,+ туку на мирот.+
Како и во сите собранија на светите, 34 жените нека молчат+ во собранијата, зашто не им е дозволено да зборуваат. Нека бидат подложни,+ како што вели и Законот.+ 35 А ако сакаат да научат нешто, дома нека ги прашаат своите мажи, бидејќи е срамота+ жена да зборува во собранието.
36 Па зар Божјата реч излезе од вас?+ Зарем допре само до вас?
37 Ако некој смета дека е пророк или дека е надарен со духот, нека го признае ова што ви го пишувам, зашто тоа е заповед од Господарот.+ 38 Но, ако некој не сака да го разбере тоа, нека не го разбира. 39 Затоа, браќа мои, горливо трудете се да пророкувате,+ и не забранувајте да се зборува на други јазици.+ 40 А сѐ нека биде пристојно и така како што е редот.+