2. Самоилова
18 Потоа Давид ги преброи луѓето што беа со него и постави над нив илјаданачалници и стотници.+ 2 Давид потоа стави една третина+ под заповедништво на Јоав,+ една третина стави под заповедништво на Ависај,+ синот на Серуја, братот на Јоав,+ а една третина под заповедништво на Етај+ од Гат. И царот им рече на луѓето: „И јас ќе појдам со вас“. 3 Но тие рекоа: „Ти не смееш да одиш!+ Зашто, ние и да избегаме, никој нема да му обрне внимание на тоа.+ Дури ако загинат и половината од нас, никој нема да обрне внимание на тоа. Но ти самиот вредиш колку десет илјади од нас.+ Би било подобро да ни помагаш+ од градот“. 4 А царот им рече: „Ќе направам сѐ што мислите дека е добро“.+ И царот стоеше кај градската порта,+ а целата војска излегуваше по своите стотици и по своите илјади.+ 5 Царот им заповеда на Јоав, на Ависај и на Етај: „Чувајте+ ми го синот Авесалом!“ И целата војска чу што им заповеда царот на сите заповедници за Авесалом.
6 И војската излезе во полето да се сретне со Израел, и започна битка во ефремската шума.+ 7 На крајот израелската војска+ доживеа пораз+ од слугите на Давид и во тој ден таму загинаа многу луѓе — дваесет илјади. 8 Битката се прошири по целиот тој крај. И во тој ден шумата голтна повеќе луѓе отколку мечот.
9 На крајот и самиот Авесалом се најде пред Давидовите слуги. Авесалом јаваше на маска, но кога маската дојде под испреплетените гранки на едно многу големо дрво, главата му се запна за дрвото и тој остана да виси меѓу небото и земјата,+ а маската што беше под него отиде понатаму. 10 Тоа го виде еден човек, па му јави на Јоав:+ „Ене, го видов Авесалом како виси на дрво!“ 11 Тогаш Јоав му рече на човекот што му го јави тоа: „Кога си го видел, зошто не си го составил со земјата? Тогаш ќе морав да ти дадам десет сребреници и еден појас“.+ 12 Но човекот му одговори на Јоав: „Кога би ми изброил на рака и илјада сребреници, не би дигнал рака на царскиот син. Зашто, со свои уши чувме дека царот ви заповеда тебе, на Ависај и на Етај: ‚Сите чувајте ми го синот Авесалом!‘+ 13 Да постапев како предавник и да ја погубев неговата душа, ништо не би останало скриено од царот,+ а ти би се држел настрана“. 14 А Јоав одврати: „Нема да губам време овде со тебе!“ И зеде в рака три стрели и му ги заби+ в срце на Авесалом, кој уште беше жив меѓу гранките+ на големото дрво. 15 Тогаш пристапија десет слуги на Јоав, кои му го носеа оружјето, и му се нафрлија на Авесалом и го убија.+ 16 А Јоав дувна во рогот+ и војската престана да го гони Израел, зашто Јоав ја запре војската. 17 Потоа го зедоа Авесалом, го фрлија во една голема јама среде шумата и натрупаа врз него голема грамада камења.+ А целиот Израел се разбега, секој во својата куќа.
18 А Авесалом, уште додека беше жив, во своја чест си подигна еден столб+ во Царевата Долина,+ зашто велеше: „Немам син кој би го зачувал сеќавањето за моето име“.+ Така тој столб го нарече според своето име,+ и до ден-денес се вика Авесаломов споменик.
19 Ахимас,+ синот на Садок, му рече на Јоав: „Те молам, дозволи ми да отрчам и да му ја јавам веста на царот, зашто Јехова му даде правда и го избави од раката на неговите непријатели“.+ 20 Но Јоав му одговори: „Немој денес да носиш никаква вест. Ќе ја јавиш во некој друг ден. А денес немој да носиш никаква вест, зашто загина царскиот син“.+ 21 Тогаш Јоав му рече на еден Хусанец:+ „Оди и јави му на царот што си видел!“ А Хусанецот му се поклони на Јоав и отрча. 22 А Ахимас, синот на Садок, пак го замоли Јоав: „Нека биде што ќе биде, само те молам, дозволи ми и јас да отрчам по Хусанецот!“ Но Јоав му одговори: „Зошто да трчаш ти, сине мој, кога немаш што да јавиш?“ 23 Но тој повтори: „Нека биде што ќе биде, дозволи ми да отрчам!“ Тогаш тој му рече: „Трчај!“ И Ахимас отрча по патот низ Јорданската Долина*+ и го престигна Хусанецот.
24 Давид токму седеше меѓу двете градски порти.+ А стражарот+ се качи на ѕидот, на покривот од портата. Кога ги подигна очите и погледна, виде еден човек како трча сам. 25 Стражарот извика и му го јави тоа на царот, а царот рече: „Ако е сам, тоа значи дека носи вест“. А човекот доаѓаше сѐ поблизу. 26 Тогаш стражарот здогледа уште еден човек како трча. И стражарот му викна на вратарот: „Гледај, уште еден човек трча сам!“ А царот одговори: „И тој носи вест“. 27 Стражарот продолжи: „Првиот трча како+ Ахимас,+ синот на Садок“. А царот одговори: „Тој е добар човек+ и сигурно носи добра вест“.+ 28 Кога се приближи, Ахимас му викна на царот: „Сѐ е добро!“ Тогаш се поклони пред царот со лицето до земја. Потоа продолжи: „Нека е благословен+ Јехова, твојот Бог, кој на мојот господар, царот, му ги предаде+ луѓето што кренаа рака на него!“
29 Но царот праша: „Дали е добро мојот син Авесалом?“ А Ахимас одговори: „Видов голема мешаница кога Јоав го испрати царскиот слуга и мене, твојот слуга, но не знам што беше“.+ 30 Тогаш царот му рече: „Отстапи и застани овде!“ И тој отстапи и застана таму.
31 Тогаш стигна и Хусанецот,+ па рече: „Нека мојот господар, царот, ја прими веста дека денес Јехова ти даде правда и те избави од раката на сите оние што се кренаа против тебе“.+ 32 Но царот го праша Хусанецот: „Дали е добро мојот син Авесалом?“ А Хусанецот одговори: „Сите непријатели на мојот господар, царот, и сите што се дигнаа против тебе со зла намера нека поминат како тоа момче!“+
33 Тогаш царот, целиот потресен, се качи во горната соба+ над градската порта и почна да плаче. И додека одеше, тажеше: „Сине мој, Авесаломе! Сине мој! Сине мој,+ Авесаломе! Да умрев јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине мој!“+