Изреки
30 Важни поуки што Агур, синот на Јакеј, им ги кажа на Итиел и на Укал:
2 Јас знам најмалку од сите други
и ја немам разборитоста што човек треба да ја има.
3 Не сум стекнал мудрост
и го немам знаењето што го има Најсветиот.
4 Кој се вознел на небото и потоа слегол оттаму?
Кој го фатил ветрот со своите раце?
Кој ги собрал водите во својата наметка?
Кој ги зацврстил* границите на земјата?
Знаеш ли како се вика тој и како се вика неговиот син?
5 Секој Божји збор е чист.
Бог им е штит на оние што бараат засолниште кај него.
7 За две работи те молам, Боже,
не скратувај ми ги додека сум жив.
8 Тргни ги од мене невистината и лагите.
Не давај ми ниту сиромаштија ниту богатство.
Дај ми храна толку колку што ми треба
9 за да не се заситам, па да се откажам од тебе и да речам: „Кој е Јехова?“,
и за да не осиромашам, па да крадам и така да му нанесам срам на* твоето име, Боже.
10 Не клевети го слугата пред неговиот господар,
за да не те проколне и да не бидеш виновен.
13 Има луѓе чии очи се многу вообразени
и ги гледаат другите со презир.
14 Има луѓе чии заби се како мечеви
и чии вилици се како касапски ножеви;
ги растргнуваат беспомошните на земјата
и сиромашните меѓу луѓето.
15 Пијавицата има две ќерки, кои викаат: „Дај! Дај!“
Три работи се ненаситни,
четири никогаш не велат: „Доста!“
17 Окото што му се подбива на таткото и ја презира послушноста кон мајката —
гавраните од долината ќе го исколваат
и младите орли ќе го изедат.
19 патот на орелот по небото,
патот на змијата по карпата,
патот на бродот среде морето
и патот на мажот до девојката.
20 Вака постапува прељубницата:
ќе се најаде, ќе си ја избрише устата,
па ќе рече: „Не направив ништо лошо“.
21 Има три работи од кои земјата се тресе,
и четири кои не може да ги издржи:
22 кога роб ќе стане цар,
кога безумник ќе се насити со храна,
23 кога омразена жена* ќе се омажи
и кога слугинка ќе ѝ го земе местото на господарката.
25 мравките не се силни суштества,
а сепак си ја подготвуваат храната лете;
26 даманите* не се силни суштества,
а сепак си прават куќа во карпите;
27 скакулците немаат цар,
а сепак сите одат распоредени во групи;
28 гуштерот* се искачува по ѕидовите
и влегува во царската палата.
29 Три живи созданија се движат величествено,
четири со својот чекор будат восхит:
30 лавот, најсилниот од сите ѕверови,
кој не се повлекува пред никого,
31 загарот, јарецот
и царот кој ја предводи својата војска.
32 Ако си постапил безумно воздигнувајќи се себеси
или ако ти паднало на памет такво нешто,
стави си ја раката на уста.
33 Зашто, кога се бие млеко, се добива маст,
и кога ќе се удри носот, потекува крв,
а кога се разгорува гневот, избива караница.