4. Мојсеева
21 А кога царот на Арад,+ Ханаанец што живееше во Негев,*+ чу дека Израел доаѓа по атаримскиот пат, ги нападна Израелците и зароби некои од нив. 2 Тогаш Израел вака му се заветува на Јехова:+ „Ако ми го дадеш овој народ во мои раце, ќе ги уништам неговите градови“.*+ 3 И Јехова го услиши гласот на Израел и му ги предаде Ханаанците. А Израел ги уништи* и нив и нивните градови. Затоа она место го доби името Хорма.*+
4 Додека одеа од планината Хор+ по Црвеноморскиот пат за да ја заобиколат едомската земја,+ душата на народот се измори од патот. 5 И народот почна да зборува против Бог+ и против Мојсеј:+ „Зошто нѐ изведовте од Египет, за да изумреме во оваа пустина?+ Зашто, нема ни леб ни вода,+ а овој никаков леб+ веќе ѝ се згади на нашата душа“. 6 Затоа Јехова испрати меѓу народот змии отровници+ кои ги касаа, така што изумре многу народ од Израел.+
7 На крајот дојде народот кај Мојсеј: „Згрешивме+ што зборувавме против Јехова и против тебе. Моли го Јехова да ги отстрани змиите од нас!“+ И Мојсеј се помоли за народот.+ 8 А Јехова му рече на Мојсеј: „Направи змија лутица и постави ја на еден столб, па кога некој ќе го касне змија, нека ја погледне, и ќе остане жив“.+ 9 Мојсеј веднаш направи бакарна змија+ и ја постави на столб,+ па кога некоја змија ќе каснеше некој човек, штом тој ќе погледнеше+ во бакарната змија, остануваше жив.+
10 Потоа синовите на Израел тргнаа и се улогорија во Овот.+ 11 Тогаш тргнаа од Овот и се улогорија во Ије-Аварим,*+ во пустината спроти Моав, кон исток. 12 Оттаму тргнаа и се улогорија во долината на Заред.+ 13 Оттаму тргнаа и се улогорија во подрачјето на Арнон,+ кое е во пустината која се простира од аморејската граница. Зашто, Арнон е граница на Моав помеѓу Моавците и Аморејците. 14 Затоа во Книгата на Јеховините војни се вели:
„Вајеф во Суфа и арнонските потоци* 15 и утоката на потоците, која се простира накај местото каде што е Ар+ и се допира до границата на Моав“.
16 Оттаму отидоа во Веер.*+ Тоа е бунарот за кој Јехова му рече на Мојсеј: „Собери го народот за да му дадам вода!“+
17 Тогаш Израел ја запеа оваа песна:+
„Бликни, кладенецу! А вие одговарајте му со песна!
18 Кладенецот го ископаа кнезови, го издлабија достоинствениците народни
со палка заповедничка,+ со своите стапови“.
Потоа од пустината заминаа во Матана, 19 од Матана во Налиел, од Налиел во Вамот,+ 20 а од Вамот во долината што се простира во моавската земја,+ кај врвот Фасга,+ кој се издига над Јесимон.*+
21 Тогаш Израел испрати гласници кај Сихон,+ аморејскиот цар, да му порачаат: 22 „Пушти ме да поминам преку твојата земја. Нема да скршнуваме ни во нивите ни во лозјата. Нема да пиеме вода од бунарите. Ќе одиме по царскиот пат додека не го поминеме твоето подрачје“.+ 23 Но Сихон не му дозволи на Израел да помине низ неговото подрачје,+ туку го собра целиот свој народ и тргна во пустината да излезе пред Израел. А кога дојде до Јаса,+ го нападна Израел. 24 Но Израел го победи со сечилото на мечот+ и ја зазеде неговата земја+ од Арнон+ до Јавок,+ до синовите на Амон; Јазер+ е границата на синовите на Амон.+
25 Така Израел ги зазеде сите оние градови и се насели во сите аморејски+ градови, во Есевон+ и во сите околни градови. 26 А Есевон беше град на аморејскиот цар Сихон,+ кој се бореше со претходниот моавски цар и ја освои целата негова земја дури до Арнон.+ 27 Затоа оние што кажуваат подбивни стихови велат:
„Дојдете во Есевон!
Нека се изгради и утврди градот на Сихон!
28 Зашто, оган пламна од Есевон,+ оган од градот на Сихон.
Го проголта Ар-Моав,+ сопствениците на арнонските височинки.
29 Тешко тебе, Моаве! Ќе пропаднеш, народе на Хемос!+
Од своите синови ќе направиш бегалци, од своите ќерки заробенички на Сихон, аморејскиот цар.
30 Да ги пуштиме стрелите врз нив!
Есевон ќе пропадне дури до Девон,+
жените до Нофа, мажите до Медева“.+
31 Така Израел се насели во земјата на Аморејците.+ 32 И Мојсеј испрати извидувачи да го извидат Јазер.+ Така ги освоија неговите околни места и ги истераа Аморејците што беа таму.+ 33 Потоа се свртија и отидоа по васанскиот пат.+ А васанскиот цар Ог+ излезе пред нив, тој и целиот негов народ за да започнат битка кај Едреј.+ 34 Јехова тогаш му рече на Мојсеј: „Не плаши се од него,+ зашто во твои раце ќе ги предадам него, целиот негов народ и неговата земја.+ Направи му го истото што му го направи на аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон“.+ 35 И ги погубија него и неговите синови и целиот негов народ, така што ниту еден повеќе не остана жив.+ Потоа ја зазедоа неговата земја.+