1. Самоилова
22 Давид отиде оттаму+ и се засолна+ во адоламската+ пештера.+ Кога го чуја тоа, неговите браќа и целиот дом на неговиот татко отидоа кај него. 2 И се собраа околу него+ сите што беа во неволја,+ сите што беа во долгови+ и сите што беа огорчени во душата,+ па тој им стана водач.+ Му се придружија околу четиристотини луѓе.
3 Потоа Давид отиде оттаму во Миспе во Моав и му рече на моавскиот+ цар: „Те молам, дозволи им на татко ми и мајка ми+ да останат кај вас додека не видам што ќе направи Бог со мене“. 4 И така ги смести кај моавскиот цар и останаа кај него за сето време додека Давид беше во засолништето.+
5 Потоа пророкот Гад+ му рече на Давид: „Немој да останеш во тоа засолниште, туку стани и оди во земјата на Јуда!“+ Така Давид отиде и дојде во херетската шума.
6 И Саул чу дека Давид се појавил со луѓето што беа со него. А Саул беше во Гаваја. Седеше под тамарисово+ дрво на височинката, со копје+ во раката, а сите негови слуги стоеја околу него. 7 Тогаш Саул им рече на своите слуги што стоеја околу него: „Чујте синови Венијаминови! Ќе ви даде ли Јесеевиот син+ на сите вас ниви и лозја?+ Ќе ве постави ли сите вас за илјаданачалници+ и за стотници? 8 Сите вие сте сковале заговор против мене и нема кој да ми открие,+ кога мојот сопствен син склучува сојуз+ со Јесеевиот син. Меѓу вас нема кој да сочувствува со мене и да ми открие дека мојот син го подбуцнал мојот слуга против мене за да ми поставува заседа, како што се гледа и денес“.
9 Тогаш Едомецот Доик,+ кој беше поставен над Сауловите слуги, проговори и рече: „Видов дека Јесеевиот син дојде во Нов кај Ахимелех,+ синот на Ахитув.+ 10 И овој побара совет+ од Јехова за него, му даде храна+ и му го даде мечот+ на Филистеецот Голијат“. 11 Тогаш царот испрати да ги повикаат свештеникот Ахимелех, синот на Ахитув, и целиот дом на неговиот татко, свештениците што беа во Нов.+ И сите дојдоа пред царот.
12 И Саул рече: „Чуј, сине Ахитувов!“ А тој одговори: „Еве ме, господару!“ 13 Потоа Саул го праша: „Зошто ти и Јесеевиот син сте сковале заговор против мене?+ Зошто си му дал леб и меч и си барал за него совет од Бог, за тој да се дигне против мене и да ми постави заседа, како што се гледа и денес?“+ 14 Тогаш Ахимелех му одговори на царот и му рече: „Па кој е меѓу сите твои слуги како Давид,+ кој е толку верен,+ а освен тоа е и царски зет+ и заповедник на твојата телесна стража, почитуван во твојата куќа?+ 15 Зарем денес за прв пат барав од Бог совет+ за него? Во никој случај! Царот нека не ги обвинува за ништо својот слуга и целиот дом на мојот татко, зашто твојот слуга не знаеше ништо за сето тоа, ниту мало ниту големо“.+
16 Но царот му одврати: „Ќе умреш,+ Ахимелех, и ти и целиот дом на татко ти!“+ 17 И царот ѝ заповеда на својата телесна стража*+ што стоеше околу него: „Пристапете и погубете ги Јеховините свештеници, зашто и нивната рака е со Давид! Знаеле дека побегна, а не ми јавија за тоа“.+ Но царските слуги не сакаа да дигнат рака на Јеховините свештеници за да ги погубат.+ 18 Тогаш царот му рече на Доик:+ „Пристапи ти и погуби ги свештениците!“ Тогаш Едомецот+ Доик пристапи и ги погуби свештениците, и во тој ден уби+ осумдесет и пет луѓе што носеа ленен свештенички ефод.+ 19 Дури и во Нов,+ свештеничкиот град, уби со сечилото на мечот мажи и жени, деца и доенчиња, говеда, магариња и овци, уби сѐ со сечилото на мечот.
20 Но еден син на Ахимелех, синот на Ахитув, по име Авијатар,+ успеа да се спаси и да побегне кај Давид. 21 И Авијатар му кажа на Давид: „Саул ги уби Јеховините свештеници“. 22 А Давид му рече на Авијатар: „Уште во оној ден кога Едомецот Доик беше таму,+ знаев дека тој бездруго ќе му јави на Саул.+ Јас сум виновен за сите души во домот на твојот татко. 23 Остани со мене и не плаши се, зашто оној што ќе ја бара мојата душа, ќе ја бара и твојата. Ти си под моја заштита!“+