2. Летописи
16 Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, Васа,+ царот на Израел, дојде против Јуда и почна да ја утврдува Рама+ за да не може никој да излегува откај Аса, царот на Јуда, ниту да доаѓа кај него.+ 2 Тогаш Аса ги изнесе среброто и златото од ризницата на Јеховиниот дом+ и на царскиот дворец,+ па му ги испрати на сирискиот цар+ Вен-Адад,+ кој живееше во Дамаск,+ и му порача: 3 „Постои сојуз меѓу мене и тебе, и меѓу мојот татко и твојот татко. Еве, ти праќам сребро и злато. Ајде раскини го сојузот со Васа,+ израелскиот цар, за да си отиде откај мене“.+
4 И Вен-Адад го послуша цар Аса и ги испрати заповедниците на својата војска против израелските градови, па тие удрија на Ијон,+ Дан,+ Авел-Маим+ и на сите складишта+ во градовите на Нефталим.+ 5 Кога го дозна тоа, Васа веднаш престана да ја утврдува Рама и ја запре работата.+ 6 А цар Аса го собра сиот народ на Јуда,+ па ги однесоа камењата и дрвената граѓа, со кои Васа ја утврдуваше+ Рама,+ и со тоа почна да ги утврдува Гева+ и Миспа.+
7 Во тоа време јасновидецот Ананиј+ дојде кај Аса, царот на Јуда, и му рече: „Затоа што се потпре на сирискиот цар,+ а не се потпре на Јехова, својот Бог,+ затоа војската на сирискиот цар ти избега од рацете. 8 Зарем немаа Етиопјаните+ и Либијците+ многу голема војска со многу бојни коли и коњаници?+ Зарем Јехова не ги предаде во твои раце затоа што се потпре на него?+ 9 Зашто, Јехова ја пребарува со своите очи+ целата земја+ за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце.+ Во тој поглед постапи безумно+ и затоа отсега ќе се поведуваат војни против тебе“.+
10 Но Аса се разлути на јасновидецот и го стави во затвор и во клада,+ затоа што се разгневи на него поради она што му го рече.+ Во тоа време Аса почна да угнетува+ и други луѓе од народот. 11 И еве, историјата на Аса, од почетокот до крајот, е запишана во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел.
12 Во триесет и деветтата година од своето царување, Аса тешко се разболе+ од нозете, но ни во болеста не го бараше Јехова,+ туку лекарите.+ 13 На крајот, Аса почина кај своите прататковци.+ Умре во четириесет и првата година од своето царување. 14 И го положија во гробницата+ што ја ископа за себе во градот на Давид.+ Го положија на одар наполнет со балсам+ и со посебни мешавини од различни видови мирисливи масла.+ И во негова чест запалија мошне многу благопријатни мириси.+