2. Летописи
15 Божјиот дух+ слезе на Азарија, синот на Одед.+ 2 И тој дојде пред Аса и му рече: „Чујте ме, Аса и цел народе на Јуда и на Венијамин! Јехова ќе биде со вас сѐ додека вие сте со него.+ Ако го барате,+ ќе ви дозволи да го најдете, но ако го оставите, и тој ќе ве остави вас.+ 3 Израел долго време беше без вистинскиот Бог,+ без свештеник кој би давал поука+ и без закон. 4 Но кога во својата неволја+ му се вратија на Јехова, Богот на Израел,+ и почнаа да го бараат, тој им дозволи да го најдат.+ 5 Во тоа време не можеше сигурно да се патува,+ зашто владееја големи немири меѓу сите жители на оваа земја.+ 6 Племе удираше на племе+ и град на град, зашто Бог ги збрка со секакви неволји.+ 7 А вие бидете храбри+ и нека не ви ослабат рацете,+ зашто вашите дела ќе бидат наградени“.+
8 Кога ги чу тие зборови и пророштвото на пророкот Одед,+ Аса се охрабри и ги отстрани гнасните богови*+ од целата земја на Јуда и на Венијамин и од градовите што ги освои во ефремските планини.+ И го обнови Јеховиниот жртвеник, кој беше пред Јеховиното предворје.+ 9 И се собра сиот народ на Јуда и на Венијамин+ и дојденците+ од Ефрем, од Манасија и од Симеон, зашто мнозина од Израел пребегаа кај него кога видоа дека Јехова, неговиот Бог, е со него.+ 10 И се собраа во Ерусалим во третиот месец од петнаесеттата година од царувањето на Аса. 11 На тој ден му принесоа на Јехова жртви од пленот што го донесоа: седумстотини говеда и седум илјади овци. 12 И склучија сојуз+ дека ќе го бараат Јехова, Богот на своите прататковци, со сето свое срце и со сета своја душа,+ 13 и дека секој што нема да го бара Јехова, Богот на Израел, ќе биде погубен,+ сеедно дали е мал или голем,+ маж или жена.+ 14 И му се заколнаа+ на Јехова со силен глас, воскликнувајќи радосно и трубејќи во труби и рогови. 15 Целиот народ на Јуда се радуваше+ поради таа заклетва, зашто се заколнаа со сето свое срце и го бараа со задоволство, па тој им дозволи да го најдат.+ И Јехова им даде мир на сите нивни граници.+
16 А својата баба Мааха+ цар Аса ја тргна+ од положбата на царица-мајка,+ зашто беше направила одвратен идол за обожавање на обредниот дирек.*+ Аса го исече нејзиниот ужасен идол,+ го столчи и го запали+ во долината на Кедрон.+ 17 Но обредните височинки+ не беа отстранети од Израел.+ Сепак, срцето на Аса му беше потполно оддадено на Бог сѐ додека беше жив.+ 18 И тој ги внесе во домот на вистинскиот Бог работите што ги беше посветил татко му и работите+ што самиот ги посвети: сребро, злато и други предмети.+ 19 И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.+