Рут
3 Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко, не треба ли да ти побарам мирен дом+ за да ти биде добро? 2 Еве, не е ли Вооз, со чии девојки беше, наш роднина?+ Ете, тој вечерва вее+ јачмен на гумното. 3 Измиј се, намачкај се со масло+ и облечи си ја облеката,+ па оди на гумното. Но, гледај да не те види додека не заврши со јадењето и со пиењето. 4 А кога ќе си легне, види каде ќе легне. Тогаш оди, откриј му ги нозете и легни, а тој ќе ти каже што треба да правиш“.
5 А таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш“. 6 Па отиде на гумното и направи сѐ како што ѝ заповеда нејзината свекрва. 7 Во меѓувреме Вооз се најаде и се напи, и срцето му беше весело.+ Тогаш отиде до крајот на купот жито, и таму легна. А таа крадешкум дојде, му ги откри нозете и легна. 8 И околу полноќ, човекот се сепна од сонот,* па се наведна напред и виде жена како лежи кај неговите нозе. 9 „Која си ти?“ — праша тој, а таа му одговори: „Јас сум Рут, твојата робинка. Рашири го скутот над својата робинка, зашто ти си откупител“.+ 10 Тогаш тој рече: „Јехова да те благослови,+ ќерко! Добротата*+ што ја покажуваш сега е подобра од онаа првата,+ зашто не отиде да бараш млади мажи, било да се сиромашни било да се богати. 11 А сега, ќерко, не плаши се! Ќе направам за тебе сѐ што ќе кажеш,+ зашто секој во мојот град* знае дека си примерна жена.+ 12 Иако е точно дека сум ти откупител,+ постои откупител што е во уште поблиско сродство од мене.+ 13 Остани ноќеска овде, па ако те откупи+ тој утре наутро, добро, нека те откупи. Но, ако не сака да те откупи, тогаш, како што е жив Јехова,+ јас ќе те откупам! Лежи тука до утрото“.
14 И таа лежеше крај неговите нозе до утрото, па стана уште пред да може да се распознае кој е кој. А тој рече: „Гледај да не се дознае дека жена доаѓала на гумното“.+ 15 Уште додаде: „Дај ја наметката што ја носиш и држи ја раширена“. И таа ја држеше раширена, а тој ѝ измери шест мери* јачмен и го стави на неа. Потоа тој отиде во градот.
16 Кога дојде кај својата свекрва, таа ја праша: „Дали си тоа ти,* ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа за сето она што оној човек го направи за неа. 17 И уште рече: „Ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Немој да одиш кај свекрва ти со празни раце!‘ “+ 18 Тогаш таа ѝ рече: „Чекај мирно, ќерко, додека не дознаеш како ќе испадне работата, зашто тој човек нема да се смири додека не ја заврши таа работа уште денес“.+