Дела на апостолите
22 „Луѓе, браќа+ и татковци, чујте што ќе ви речам сега во своја одбрана!“+ 2 А кога слушнаа дека им се обраќа на хебрејски јазик,+ уште повеќе стивнаа, а тој рече: 3 „Јас сум Евреин,+ роден во Тарс во Киликија,+ но школуван сум во овој град пред нозете на Гамалиел,+ поучен да се држам строго+ за Законот на нашите предци. Ревносно+ му служев на Бог како и сите вие денес. 4 Ги прогонував до смрт+ следбениците на овој Пат,* ставајќи во окови и предавајќи во затвор+ и мажи и жени. 5 За тоа можат да ми посведочат и првосвештеникот и целиот совет од старешини.+ Од нив дури добив и писма+ за браќата во Дамаск, па тргнав и нив да ги доведам од таму оковани во Ерусалим за да бидат казнети.
6 Но додека патував и се приближував кон Дамаск, околу пладне, од небото ненадејно ме осветли голема светлина.+ 7 Паднав наземи и чув глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?‘+ 8 А јас одговорив: ‚Кој си ти, Господару?‘ Тој ми рече: ‚Јас сум Исус Назареќанецот, кого ти го прогонуваш‘.+ 9 А луѓето што беа со мене+ навистина ја видоа светлината, но не ги разбраа зборовите на оној што ми зборуваше.+ 10 Тогаш го прашав: ‚Што да направам,+ Господару?‘ Господарот* ми одговори: ‚Стани, појди во Дамаск и таму ќе ти се каже сѐ што ти е одредено да направиш!‘+ 11 Но бидејќи ослепев од сјајот на таа светлина, моите придружници ме поведоа за рака и така стигнав во Дамаск.+
12 А еден Ананија, богобојазлив човек кој се држеше за Законот, за кого зборуваа добро+ сите Евреи што живееја таму, 13 дојде кај мене, ми пристапи и рече: ‚Савле, брате, прогледај!‘+ И во истиот тој час погледнав во него. 14 А тој рече: ‚Богот на нашите прататковци+ те избра тебе+ да ја запознаеш неговата волја, да го видиш+ Праведникот+ и да го чуеш гласот од неговата уста,+ 15 бидејќи ќе му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си го видел и си го чул.+ 16 И сега, зошто се колебаш? Стани, крсти се+ и измиј ги+ своите гревови, повикувајќи го неговото име!‘+
17 А кога се вратив во Ерусалим+ и се молев во храмот, паднав во занес*+ 18 и го видов Господарот како ми вели: ‚Поитај и бргу излези од Ерусалим, зашто нема да го прифатат+ твоето сведоштво за мене!‘ 19 А јас реков: ‚Господару, тие самите знаат дека ги фрлав в затвор+ и ги тепав по синагогите оние што веруваа во тебе.+ 20 И додека се пролеваше крвта на твојот сведок Стефан,+ стоев таму и го одобрував тоа+ и ги чував наметките на оние што го убиваа‘. 21 Но тој ми рече: ‚Оди, зашто те праќам кај народи кои се далеку!‘ “+
22 Тие го слушаа сѐ до овој збор, а тогаш викнаа: „Отстранете го од земјата таквиот, зашто не заслужува да живее!“+ 23 А поради тоа што викаа, ги фрлаа облеките и фрлаа прав во воздухот,+ 24 илјаданачалникот нареди да го одведат во касарната и одреди да го испитаат со камшикување, за да дознае точно зошто викаат+ така против него. 25 А кога го растегнаа за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: „Зарем смеете да камшикувате човек кој е римски граѓанин,+ и тоа без судење?“ 26 Кога го чу тоа, стотникот отиде кај илјаданачалникот и му јави: „Што имаш намера да направиш? Овој човек е римски граѓанин!“ 27 Тогаш илјаданачалникот му пријде на Павле и го праша: „Кажи ми, дали си ти римски граѓанин?“+ Тој одговори: „Да“. 28 Илјаданачалникот тогаш му рече: „Јас го купив тоа граѓанство за многу пари“. Павле одговори: „А јас сум дури роден со него“.+
29 Затоа оние што требаше да го испрашуваат со мачење веднаш отстапија од него. А илјаданачалникот се уплаши кога дозна дека Павле е римски граѓанин,+ а тој го беше врзал.
30 Утредента, поради тоа што сакаше да дознае зошто Евреите го обвинуваа Павле, илјаданачалникот му ги симна оковите и заповеда да се соберат главните свештеници и целиот Судски совет.* Тогаш го доведе Павле и го постави пред нив.+