Авакум
3 Молитва на пророкот Авакум во вид на тажачка: 2 О Јехова, чув за сѐ што си направил.+ Се исплашив, Јехова, од твоите дела.+
Среде овие години, оживеј ги! Среде овие години, објави ги! Во гневот сети се да покажеш милосрдие!+
3 Бог дојде од Теман, Светецот пристигна од планината Фаран.+ (Села)*+
Славата негова ги покри небесата+ и земјата се исполни со неговата фалба.+
4 Неговиот сјај беше како сончевата светлина.+ Два зрака излегуваа од неговата рака, таму се криеше неговата сила.+
5 Пред него одеше помор,+ а силна треска одеше по него.+
6 Застана за да ја затресе земјата.+ Погледна, и народите се стресоа.+
Вечните планини се распаднаа,+ вековните ридови се снижија.+ Тоа се неговите патишта од дамнина.
7 Видов зло над хусанските шатори. Се затресоа+ шаторските платна во мадијамската земја.+
8 Јехова, дали твојот гнев беше против реките? Дали твојот гнев пламна против реките,+ или твојата јарост беше против морето?+ Зашто, ти јаваше на своите коњи,+ твоите коли донесоа спасение.+
9 Лакот твој е откриен и гол.+ Заклетвите на племињата се изречени.+ (Села) Со реки ја раздвои земјата.+
10 Планините те видоа и тешки болки ги обзедоа.+ Поројни дождови навалија. Водната бездна го пушти својот глас.+ Високо ги крена своите раце.
11 Сонцето и месечината застанаа+ во своето возвишено живеалиште.+ Како светлина летаа твоите стрели.+ Блесокот на твоето копје даваше светлина.+
12 Чекореше низ земјата носејќи осуда. Во гнев ги вршеше народите како да се жито.+
13 Излезе за да го спасиш својот народ,+ за да го спасиш својот помазаник. Го сотре поглаварот од куќата на злобниот,+ а таа е уништена од темел до покрив.+ (Села)
14 Со неговите копја им ги прободе+ главите на неговите воини кога се спуштија како виор за да ме разбијат.+ Многу се радуваа, небаре ќе го голтнат несреќникот што е на скришно место.+
15 Со своите коњи газеше низ морето, низ поројот од големи води.+
16 Го чув тоа, и мојата утроба се вознемири. На тој звук затреперија моите усни, гнилеж ги зафати моите коски,+ и сето тоа ме вознемири. А јас, сепак, мирно ќе го чекам денот на неволјата,+ кога тој ќе дојде да го нападне народот.+