Матеј
3 Во тие денови се појави Јован Крстител+ и проповедаше во Јудејската Пустина:*+ 2 „Покајте се,+ зашто се приближи царството небесно!“+ 3 Тоа е, всушност, оној за кого зборува пророкот Исаија+ кога вели: „Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова! Израмнете ги неговите патеки!‘ “+ 4 А токму тој Јован имаше облека од камилски влакна+ и кожен појас околу половината,+ а скакулците+ и дивиот мед+ му беа храна. 5 Тогаш кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од целиот јордански крај 6 и тој ги крштаваше во реката Јордан,+ а тие јавно ги признаваа своите гревови.
7 Кога здогледа многу фарисеи и садукеи*+ како доаѓаат на местото каде што крштаваше, им рече: „Змиско легло!+ Кој ви кажал да бегате од гневот што доаѓа?+ 8 И така, донесете плод кој одговара на вашето покајание!*+ 9 И не осмелувајте се да си велите во себе: ‚Авраам ни е татко‘.+ Зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да му подигне деца на Авраам.+ 10 Секирата+ е веќе ставена на коренот на дрвјата. Па така, секое дрво кое не донесува добар плод, се сече+ и се фрла во оган.+ 11 Јас ве крштавам со вода+ поради вашето покајание,+ но оној што доаѓа+ по мене е посилен од мене. Нему јас не сум достоен да му ги собујам ни сандалите.+ Тој ќе ве крсти со свет дух+ и со оган.+ 12 Лопатата за веење му е во раката, и ќе го исчисти своето гумно и ќе го собере своето жито во амбарот,+ а плевата ќе ја изгори+ во оган што не може да се изгасне“.
13 Тогаш Исус дојде од Галилеја+ на Јордан кај Јован за тој да го крсти.+ 14 Но Јован го одвраќаше: „Ти треба мене да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене?“ 15 А Исус му одговори: „Остави го сега тоа, зашто нам ни прилега да го извршиме на тој начин сето она што е праведно“.+ Тогаш престана да го одвраќа. 16 Кога се крсти, Исус веднаш се крена од водата. И гледај, небесата се отворија,+ и Јован виде како Божјиот дух слегува како гулаб+ и доаѓа на Исус.+ 17 И гледај, се чу глас+ од небото кој рече: „Ова е мојот сакан Син,+ кој ми е по волја!“+