Езекиел
1 Во триесеттата година, во четвртиот месец, на петтиот ден од тој месец, додека бев меѓу изгнаниците+ на реката Хевар,+ се отворија небесата+ и видов виденија од Бог.+ 2 На петтиот ден од месецот — во петтата година од изгнанството на цар Јоахин+ — 3 му дојде Јеховината реч+ на Езекиел,+ синот на Вузи, свештеник во халдејската земја,+ на реката Хевар, и таму Јеховината рака се спушти врз него.+
4 Погледнав, и гледај, дојде бурен ветар+ од север, со густи облаци+ и распламтен оган.+ Околу облаците имаше блескава светлина, а среде огнот сјаеше нешто што прилегаше на бело злато.+ 5 Среде него имаше нешто како четири суштества,+ а изгледаа вака: личеа на земен човек. 6 Секое од нив имаше по четири лица+ и секое имаше по четири крилја.+ 7 Нозете им беа рамни, а стапалата им беа како копита на теле,+ и сјаеја како светнат бакар.+ 8 Под своите крилја на сите четири страни+ имаа човечки раце. Сите четири имаа лица и крилја.+ 9 Крилјата им се допираа едно со друго. Суштествата не се свртуваа кога одеа, туку секое одеше право напред.+
10 Лицата им изгледаа вака: сите четири имаа човечко лице,+ лице на лав оддесно,+ лице на бик одлево,+ а имаа и лице на орел.+ 11 Такви им беа лицата. Крилјата+ им се ширеа нагоре. Секое имаше по две крилја што им се допираа едно со друго, а другите две им го покриваа телото.+
12 Секое одеше право напред.+ Каде што ги водеше духот, таму одеа.+ Не се свртуваа додека одеа.+ 13 Тие суштества личеа на разгорени јаглења.+ Нешто што беше слично на факли+ се движеше ваму-таму меѓу суштествата, а огнот пламтеше, и од него излегуваа молњи.+ 14 А кога суштествата одеа и се враќаа, изгледаа како молњи.+
15 Додека ги гледав тие суштества, ете, по едно тркало беше на земјата покрај суштествата,+ покрај секое суштество со четири лица.+ 16 Според изгледот и градбата, тркалата+ личеа на сјаен хризолит,+ и сите четири беа исти. Според изгледот и градбата беа како во секое тркало да имаше уште едно тркало.*+ 17 Кога се движеа, можеа да одат на сите четири страни.+ Не мораа да свртуваат кога ја менуваа насоката.+ 18 Тркалата беа застрашувачки високи. Сите четири тркала беа полни со очи.+ 19 Кога суштествата тргнуваа, и тркалата тргнуваа со нив, а кога суштествата се подигаа од земјата, и тркалата се подигаа.+ 20 Каде што ги водеше духот, таму одеа, таму каде што ги водеше духот, а тркалата се подигаа заедно со нив, бидејќи духот што дејствуваше врз суштествата беше и во тркалата. 21 Кога ќе тргнеа суштествата, ќе тргнеа и тркалата, а кога ќе запреа, запираа и тркалата, и кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигаа заедно со нив, бидејќи духот што дејствуваше врз суштествата беше и во тркалата.+
22 Над главите на тие суштества имаше нешто слично на свод,+ слично на чудесен блескав мраз што им се простираше над главите.+ 23 Под тој свод, крилјата им беа испружени, едно спроти друго. Секое на телото имаше по две крилја на едната страна и по две на другата. 24 И кога се движеа, го чув шумот на нивните крилја, кој звучеше како татнеж од големи води,+ како гласот на Семоќниот, како бучава,+ како врева во логор.+ Кога ќе застанеа, ги спуштаа крилјата.
25 И се чу глас над сводот што беше над нивните глави. (Кога ќе застанеа, ги спуштаа крилјата.) 26 Над сводот што беше над нивните глави имаше нешто слично на престол+ од камен сафир.+ А горе, на она што личеше на престол, имаше некој што изгледаше како земен човек.+ 27 Над делот што изгледаше како да му се колкови видов нешто како сјајно бело злато,+ слично на оган што гореше однатре секаде наоколу,+ а под делот што изгледаше како да му се колкови видов нешто што личеше на оган, а секаде околу него имаше блескава светлина. 28 И видов нешто што личеше на виножито,+ кое се појавува во облаците во дождлив ден. Така изгледаше светлоста што сјаеше наоколу. Тоа беше нешто што изгледаше како Јеховината слава.+ Кога го видов ова, паднав ничкум,+ и го чув гласот на оној што зборуваше.