Маскил. Асафов псалм.+
78 Слушај го мојот закон, народе мој,+
приклони го увото кон зборовите на мојата уста!+
2 Со изреки ќе ја отворам устата,+
од мене ќе навираат дамнешни загатки,+
3 она што го чувме и го дознавме+
и ни го раскажуваа нашите татковци,+
4 тоа не го криеме од нивните синови,+
туку на идното поколение му зборуваме за нив,+
за фалбите на Јехова и за неговата сила+
и за чудесните работи што ги направи.+
5 Подигна сведоштво во Јаков+
и постави закон во Израел,+
зборови што им ги заповеда на нашите татковци+
за тие да им ги објават на своите синови,+
6 и да дознае за нив идното поколение, синовите што ќе се родат,+
па да станат и да им зборуваат за нив на своите синови+
7 и да имаат доверба во Бог+
и да не ги заборават Божјите дела,+ туку да ги држат неговите заповеди,+
8 за да не станат како своите татковци,+
поколение тврдоглаво и бунтовно,+
поколение кое не го подготви своето срце+
и не му беше верно на Бог со својот дух.+
9 Синовите на Ефрем, иако беа стрелци вооружени со лакови,+
се повлекоа во денот на битката.+
10 Не го држеа сојузот на Бог+
и не сакаа да живеат по Божјиот закон.+
11 И го забораваа она што го направи тој,+
неговите чудесни дела кои им ги покажа.+
12 Пред нивните татковци направи чуда+
во египетската земја,+ во соанското поле.+
13 Го раздвои морето за да можат да поминат+
и ја исправи водата да стои како ѕид.+
14 Со облак ги водеше дење,+
а со светлината на огнот по цела ноќ.+
15 Ги расцепи карпите во пустината+
за да ги напои изобилно како од водна бездна.+
16 Од карпа извади потоци+
и направи да потечат води како реки.+
17 А тие уште повеќе му грешеа,+
бунејќи се против Севишниот во безводниот крај,+
18 и го искушуваа Бог во своето срце+
барајќи јадење за својата душа.+
19 Почнаа да зборуваат против Бог.+
Рекоа: „Може ли Бог да постави трпеза во пустината?“+
20 Еве, удира во карпа+
за да потечат води и да бликнат порои.+
„Може ли да ни даде и леб,+
да набави храна за својот народ?“+
21 Јехова го чу тоа и многу се разгневи,+
и се распали оган против Јаков,+
гнев се подигна против Израел.+
22 Зашто, не му веруваа на Бог+
и немаа доверба во неговото спасение.+
23 А тој им даде заповед на небесните облаци во висините
и ги отвори вратите на небото.+
24 Како дожд истураше на нив мана за да јадат,+
им даде жито небесно.+
25 Луѓето го јадеа лебот на оние што се посилни од луѓето,+
им испраќаше храна до ситост.+
26 Им подигна источен ветар од небото+
и со својата сила го пушти јужниот ветар да дува.+
27 И направи врз нив да паѓа храна како прашина,+
да паѓаат крилести птици како морски песок.+
28 Ги пушти да паѓаат среде неговиот логор,+
насекаде околу неговите шатори.+
29 А тие јадеа и сосема се наситија,+
она што го сакаа, тоа им го донесе.+
30 Но не се одвратија од својата желба.
Храната уште им беше во устата,+
31 кога се подигна против нив Божјиот гнев.+
И почна да ги убива нивните силни луѓе,+
ги собори младите мажи во Израел.
32 Покрај сето тоа, уште повеќе грешеа+
и не веруваа во неговите чудесни дела.+
33 Затоа нивните денови исчезнаа како здив+
и нивните години ги прекина со ужас.
34 Кога ги убиваше, тогаш прашуваа за него,+
се враќаа и го бараа Бог.+
35 Тогаш се сеќаваа дека Бог е нивната Карпа,+
дека Севишниот Бог е нивниот Одмаздник.+
36 И сакаа да го измамат со својата уста,+
го лажеа со својот јазик.+
37 Нивното срце не му беше оддадено+
и не беа верни на неговиот сојуз.+
38 Но тој беше милосрден,+ им простуваше за нивниот престап+ и не ги истреби.+
Многупати го одвраќаше својот гнев+
и не пламнуваше сета негова јарост.
39 Си спомнуваше дека се тело,+
дека духот заминува и не се враќа.+
40 Колку пати се бунеа против него во пустиот крај,+
го жалостеа во пустината.+
41 И секогаш одново го искушуваа Бог+
и му нанесуваа болка на Израеловиот Светец.+
42 Не се сеќаваа на неговата рака,+
на денот кога ги откупи од противникот,+
43 на начинот на кој ги правеше своите знаци во Египет+
и своите чуда во соанското поле,+
44 и како им ги претвори во крв нилските канали,+
па не можеа да пијат од своите потоци.+
45 Им испрати коњски муви за да ги јадат+
и жаби за да ги мачат.+
46 Нивниот род им го даде на лебарките
и нивниот труд на скакулците.+
47 Нивните лозја ги уништи со град+
и нивните смокви со зрна град.+
48 Му ја предаде нивната стока+ на градот
и нивните стада на силната треска.
49 Го испраќаше врз нив својот распламтен гнев,+
бес, осуда и несреќа,+
чети ангели што носат неволја.+
50 Подготви пат за својот гнев.+
Нивната душа не ја зачува од смртта,
нивниот живот му го предаде на поморот.+
51 На крајот покоси сѐ што беше првородено во Египет,+
нивните првенци во шаторите на Хам.+
52 Потоа го изведе својот народ како овци+
и како стадо го водеше низ пустината.+
53 Ги водеше сигурно и не се плашеа.+
Морето ги покри нивните непријатели.+
54 Ги доведе во својот свет крај,+
во овој планински крај, кој го стекна неговата десница.+
55 Поради нив ги истера народите,+
со мерно јаже им раздели наследство+
и им даде на племињата на Израел да живеат во своите домови.+
56 А тие го искушуваа Севишниот Бог и се бунеа против него,+
и не се држеа за неговите опомени.+
57 Отстапуваа од него и му беа неверни како и нивните татковци,+
како незатегнат лак+ се свртија на другата страна.
58 Го навредуваа со своите обредни височинки+
и со своите режани ликови ја предизвикуваа неговата љубомора.+
59 Бог го чу тоа+ и многу се разгневи,+
и многу му одмиле Израел.+
60 На крајот го напушти својот шатор во Сило,+
шаторот во кој живееше меѓу земните луѓе.+
61 И својата сила ја предаде во заробеништво+
и својата убавина во раката на противникот.+
62 Својот народ го предаде на меч,+
многу се разгневи+ на своето наследство.
63 Оган ги проголта неговите млади мажи,
а на неговите девојки не им пееја сватовски песни.+
64 Неговите свештеници паднаа од меч,+
а нивните вдовици не заплакаа.+
65 Тогаш Јехова се разбуди како од сон,+
како јунак кој се трезни од вино.+
66 И ги удираше одзади своите противници,+
им нанесе вечен срам.+
67 И го отфрли шаторот на Јосиф,+
и не го избра племето на Ефрем,+
68 туку го избра племето на Јуда,+
гората Сион, која ја сакаше.+
69 И почна да го гради своето светилиште за да стои како планинските врвови,+
како земјата што ја утврди за да стои довека.+
70 И го избра Давид, својот слуга,+
и го зеде од овчите трла.+
71 Го доведе откај овците доилки+
го одведе да му биде пастир на Јаков, неговиот народ,+
и на Израел, неговото наследство.+
72 И тој ги пасеше со чисто срце+
и ги водеше со вешти раце.+