1. Самоилова
15 Еднаш Самоил му рече на Саул: „Мене ме испрати Јехова да те помазам+ за цар над неговиот народ Израел. Затоа сега послушај ги Јеховините зборови.+ 2 Вака вели Јехова над војските:+ ‚Ќе го казнам+ Амалик поради она што му го направи на Израел кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.+ 3 Сега оди и нападни го Амалик,+ па погуби+ го* и него и сѐ што има тој! Немој да му се смилуваш, туку убиј+ ги мажите и жените, децата и доенчињата,+ говедата и овците, камилите и магарињата!‘ “+ 4 Тогаш Саул го свика народот и го преброи во Телаим.+ Имаше двесте илјади пешаци и десет илјади синови на Јуда.+
5 И Саул дојде до амаличкиот град и постави заседа во речната долина.* 6 Потоа Саул им порача на Кенејците:+ „Одете, одвојте се+ од Амаличаните и излезете од нивната средина за да не ве сотрам и вас со нив. Зашто, вие бевте милостиви* кон сите синови на Израел+ кога излегуваа од Египет“.+ Така Кенејците си отидоа откај Амаличаните. 7 Потоа Саул ги уби Амаличаните+ од Авила+ до Сур,+ кој е пред Египет. 8 И го фати жив Агаг,+ амаличкиот цар, а целиот народ го погуби со сечилото на мечот.+ 9 Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрата крупна и ситна стока+ и згоената стока и овните и сѐ што беше добро, па не ги убија.+ А сѐ што беше презрено и отфрлено, тоа го убија.
10 И Јеховината реч му дојде на Самоил: 11 „Жал+ ми е што го поставив Саул за цар, бидејќи се одврати+ од мене и не ги изврши моите зборови“.+ Тоа го погоди Самоил+ и цела ноќ го молеше за помош Јехова.+ 12 Потоа Самоил стана рано наутро за да го пресретне Саул. Но на Самоил му јавија: „Саул дојде во Кармил,+ и гледај, подигна за себе споменик,+ а потоа се сврти, па отиде и слезе во Гилгал“. 13 И Самоил дојде кај Саул, а Саул му рече: „Да си благословен+ од Јехова! Ја извршив Јеховината реч“.+ 14 Но Самоил одврати: „Тогаш какво е тоа блеење на овци и кози што допира до моите уши и какво е тоа мукање на говеда што го слушам?“+ 15 А Саул одговори: „Ги одведоа откај Амаличаните, зашто народот+ ја поштеди најдобрата ситна и крупна стока за да му ја жртвува на Јехова, твојот Бог.+ Но сѐ друго убивме“. 16 Тогаш Самоил му рече на Саул: „Застани да ти кажам што ми рече Јехова ноќеска“.+ А тој му одговори: „Зборувај!“
17 И Самоил рече: „Зар не стана поглавар на Израеловите племиња додека беше мал во свои очи?+ И зар не те помаза+ Јехова за цар над Израел? 18 Потоа Јехова те испрати на задача, велејќи: ‚Оди, убиј ги грешниците,+ Амаличаните, и бори се против нив додека не ги истребиш!‘+ 19 Тогаш зошто не го послуша Јеховиниот глас, туку лакомо се нафрли на пленот+ и го направи она што е зло во Јеховини очи?“+
20 А Саул му одговори на Самоил: „Но јас го послушав+ Јеховиниот глас и отидов на задачата на која ме испрати Јехова и го доведов Агаг,+ амаличкиот цар, а Амаличаните ги убив.+ 21 А народот+ зеде од пленот овци и говеда, најдоброто од она што беше одредено за убивање, за да му го жртвува+ на Јехова, твојот Бог, во Гилгал“.+
22 А Самоил одврати: „Зар му се жртвите паленици+ и другите жртви исто толку мили на Јехова колку што му е мила послушноста на Јеховиниот глас? Знај, послушноста+ е подобра од жртвите+ и покорноста е подобра од овнешкиот лој.+ 23 Зашто, бунтовноста+ е грев еднаков на гатање+ и самоволието е еднакво на вражање и на идолопоклонство.*+ Поради тоа што ја отфрли речта на Јехова,+ и тој те отфрли тебе за да не бидеш повеќе цар“.+
24 Тогаш Саул му рече на Самоил: „Згрешив+ што ги престапив Јеховината наредба и твоите зборови, затоа што се плашев од народот,+ па го послушав неговиот глас. 25 Затоа сега те молам да ми го простиш+ гревот и да се вратиш со мене да му се поклонам+ на Јехова“. 26 Но Самоил му рече на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти ја отфрли Јеховината реч, и затоа Јехова те отфрла тебе за да не бидеш повеќе цар над Израел“.+ 27 Кога Самоил се сврти за да си оди, Саул го зграпчи скутот на неговата наметка, но скутот му се истргна+ од рака. 28 Тогаш Самоил му рече: „Денес Јехова ти го одзеде+ од тебе царството на Израел и ќе му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.+ 29 Но Возвишениот Бог на Израел+ нема да излаже+ и нема да зажали, зашто тој не е земен човек за да зажали за нешто“.+
30 А Саул тогаш рече: „Згрешив. Но, те молам, укажи ми чест+ пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене за да му се поклонам на Јехова, твојот Бог“.+ 31 И Самоил се врати, одејќи по Саул, и Саул му се поклони на Јехова. 32 Потоа Самоил рече: „Доведете ми го Агаг, царот на Амаличаните!“ И Агаг дојде кај него со тешко срце, но во себе си помисли: „Вистина, мина горчината на смртта“. 33 Но Самоил рече: „Како што твојот меч+ оставаше жени без деца, така и твојата мајка+ ќе остане без деца меѓу жените“.+ Тогаш Самоил го исече Агаг пред Јехова во Гилгал.+
34 Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во својата куќа во Саулова Гаваја.+ 35 И Самоил не го виде Саул сѐ до својата смрт, зашто Самоил тагуваше+ по Саул. А на Јехова му беше жал што го постави Саул за цар над Израел.+