ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Изреки 25
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Изреки — краток преглед

    • ИЗРЕКИ НА СОЛОМОН, КОИ ГИ ПРЕПИШАЛЕ ЛУЃЕТО НА ЦАР ЕЗЕКИЈА (25:1–29:27)

        • Доверливост (9)

        • Добро избрани зборови (11)

        • Почитувај ја приватноста на другите (17)

        • Жар врз главата на непријателот (21, 22)

        • Добрата вест е како студена вода (25)

Изреки 25:1

Фусноти

  • *

    Или: „препишаа и собраа“.

Изреки 25:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Приближи му се на Јехова, стр. 189

Изреки 25:9

Фусноти

  • *

    Или: „не откривај туѓи тајни“.

Изреки 25:10

Фусноти

  • *

    Или: „клевета“.

Изреки 25:11

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    2/2019, стр. 15

    Стражарска кула,

    15/12/2015, стр. 19

    15/1/1999, стр. 23

    15/1/1994, стр. 32

    Книга за сите луѓе, стр. 23

Изреки 25:12

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула 1997,

    15/12/1997, стр. 32

Изреки 25:13

Фусноти

  • *

    Можно е да станува збор за снегот донесен од планините со кој се разладувал пијалакот.

Изреки 25:14

Фусноти

  • *

    Буквално: „се фали со лажен дар“.

Изреки 25:15

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    11/2010, стр. 19

Изреки 25:17

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула 1994,

    15/9/1994, стр. 22

Изреки 25:19

Фусноти

  • *

    Или: „човек што не е достоен за доверба“. Друго можно значење: „предавник“.

Изреки 25:20

Фусноти

  • *

    Или: „лужина“.

Изреки 25:21

Фусноти

  • *

    Буквално: „оној што те мрази“.

Изреки 25:22

Фусноти

  • *

    Односно, срцето на непријателот ќе омекне и тој ќе се смилува.

Изреки 25:24

Фусноти

  • *

    Или: „која постојано приговара“.

Изреки 25:25

Фусноти

  • *

    Види го поимот „душа“ во Речникот.

Изреки 25:26

Фусноти

  • *

    Или: „прави отстапки“. Буквално: „трепери“.

Изреки 25:28

Фусноти

  • *

    Или: „не владее со својот дух“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/8/2000, стр. 23

    15/10/1991, стр. 11-12

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки 25:1-28

Изреки

25 И ова се изреки на Соломон, кои ги препишаа* луѓето на Езекија, царот на Јуда:

 2 На Бог му носи слава тоа што чува некоја работа во тајност,

а на царевите им носи слава тоа што ги истражуваат работите.

 3 Како што е небото високо и земјата длабока,

така и срцето на царевите е неистражливо.

 4 Отстрани ја згурата од среброто,

и тоа ќе излезе потполно пречистено.

 5 Отстрани го злобниот од пред очите на царот

и неговиот престол ќе се утврди со праведност.

 6 Не воздигнувај се пред царот

и не седнувај меѓу угледните луѓе.

 7 Подобро е тој да ти каже: „Седни поблизу до мене“,

отколку да те понижи пред достоинствениците.

 8 Немој пребрзо да започнуваш судски спор.

Што ќе правиш ако на крајот твојот ближен докаже дека не си во право?

 9 Расчисти ги работите со својот ближен,

но не откривај го она што ти е кажано во доверба*

10 за да не те посрами оној што го слуша тоа

и да не рашириш лош глас* кој веќе нема да може да се поправи.

11 Зборови кажани во право време

се како златни јаболка во сребрени садови.

12 Како златна обетка и украс од чисто злато,

таков е укорот од мудриот за увото на послушниот.

13 Како свежината на снегот* во време на жетва,

таков е верниот гласник за оној што го испраќа,

зашто тој го освежува својот господар.

14 Како облаци и ветар што не носат дожд,

таков е оној што се фали дека ќе даде дар, а не го прави тоа.*

15 Со стрпливост може да се придобие и заповедник,

и благиот јазик коски крши.

16 Ако најдеш мед, јади само колку што ти е потребно

за да не се прејадеш и да го повратиш.

17 Не оди често во куќата на твојот ближен

за да не му здосадиш и да не те замрази.

18 Како стап, меч и остра стрела,

таков е човекот што лажно сведочи против својот ближен.

19 Да имаш доверба во неверен човек* во време на неволја

е како да јадеш со скршен заб или да одиш со куца нога.

20 Оној што му пее песни на некој што е тажен

е како човек што ја соблекува наметката кога е ладно

и како оцет истурен врз сода.*

21 Ако твојот непријател* е гладен, дај му да јаде леб;

ако е жеден, дај му да пие вода.

22 Така му натрупуваш жар врз главата,*

и Јехова ќе те награди.

23 Северниот ветар донесува пороен дожд,

а јазикот што оговара предизвикува лутина.

24 Подобро да живееш во некој ќош на покривот

отколку во иста куќа со жена кавгаџика.*

25 Добра вест од далечна земја

е како студена вода за уморна душа.*

26 Праведник што потклекнува* пред злобниот

е како заматен извор и уништен бунар.

27 Не е добро човек да јаде премногу мед

ниту да копнее другите да му укажуваат чест.

28 Оној што не може да се совлада*

е како град со разурнати ѕидови.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели