Песна над песните
2 Јас сум само шафран+ од крајбрежната рамница,* крин+ од долината.“+
2 „Каков што е кринот меѓу трњето‚ таква е мојата љубена меѓу девојките.“+
3 „Каква што е јаболкницата+ меѓу шумските дрвја, таков е мојот љубен меѓу момците.+ По неговата сенка копнеев и под неа седнав, и плодот негов е сладок за моето непце. 4 Тој ме воведе во куќата каде што се пие вино+ и ја рашири над мене љубовта+ како бајрак.+ 5 Поткрепете ме со суво грозје,+ освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.+ 6 Левицата негова ми е под главата, а десницата негова ме прегрнува.+ 7 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски, во газелите+ и во срните+ полски, не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.+
8 Го слушам мојот сакан.+ Еве го! Доаѓа,+ се качува на планините, потскокнува по ридовите. 9 Мојот сакан е како газела+ и како еленче. Еве го! Стои зад нашиот ѕид, гледа низ прозорците, ѕирка низ решетките.+ 10 Се одгласи мојот сакан и ми рече: ‚Стани, мила моја, убавице моја,+ и дојди!+ 11 Зашто, еве, дождливото време+ помина, дождот престана, замина. 12 Цвеќиња се појавуваат по земјата,+ дојде време да се крои лозата+ и гласот на грлицата+ се слуша во земјата наша. 13 Со зрела боја смоквата+ ги обои плодовите први,+ лозите цветаат и мирис шират. Стани, дојди, љубена моја,+ убавице моја, дојди кај мене! 14 Гулабице+ моја, која се криеш на стрмните карпи, крај стрмниот планински пат, дај да те видам,+ дај да ти го чујам гласот, зашто гласот твој е милозвучен и ликот твој е прекрасен‘. “+
15 „Фатете ги за нас лисиците,+ лисичињата што ги уништуваат лозјата, зашто лозјата ни цутат.“+
16 „Мојот сакан ми припаѓа мене, а јас нему.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.+ 17 Пред да задува дневниот ветрец и пред сенките да побегнат, сврти се кон мене, мил мој. Биди како газела+ и како еленче на планините што нѐ раздвојуваат.*