Песна над песните
6 „Каде отиде љубениот твој, о најубава меѓу жените?+ Каде тргна милиот твој, да го бараме со тебе?“
2 „Љубениот мој отиде во градината своја,+ кај леите со билки мирисливи,+ меѓу градините, за да го пасе стадото+ и да бере кринови. 3 Јас му припаѓам на љубениот мој, и љубениот мој ми припаѓа мене.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.“
4 „Убава си, љубена моја,+ како Прекрасниот Град,*+ преубава си како Ерусалим,+ страшна како четите+ под бајраци собрани.+ 5 Тргни ги очите од мене,+ зашто поради нив сум немирен. Косата ти е како стадо кози што потскокнуваат по Галад.+ 6 Забите ти се како стадо овци што доаѓаат од капење — секоја носи близнаци, ниту една не е без јагниња останата.+ 7 Како резанки од калинка ти се слепоочниците под превезот.+ 8 Нека има и шеесет царици и осумдесет наложници* и девојки без број,+ 9 но само една е гулабицата моја,+ онаа што нема маана.+ Таа е љубимка на мајката своја, чиста е кај родителката своја. Девојките ја видоа, и за среќна ја прогласија, царици и наложници ја видоа, и тие ја фалеа:+ 10 ‚Која е оваа,+ која гледа одозгора како зората,+ убава како полната месечина,+ чиста како сонцето што сјае,+ страшна како четите под бајраци собрани?‘ “+
11 „Во оревовата градина+ отидов да ги видам пупките во долината,+ да видам дали лозата потерала, дали калинките процутиле.+ 12 И не сфатив што се случува, а желбата* моја ме одведе на колите на народот мој благороден.“
13 „Врати се, врати се, Суламко! Врати се, врати се да те гледаме!“+
„Што гледате на Суламката?“+
„Нешто како игра на два логора!“*