Песна над песните
8 О, да ми беше како брат,+ кој цицал од градите на мајка ми!+ Да те најдев надвор, ќе те бакнев,+ и никој немаше да ме презре. 2 Ќе те поведев со себе, ќе те доведев во куќата на мајка ми,+ која ме поучуваше. Ќе ти дадев да пиеш вино зачинето,+ свеж сок од калинки. 3 Левицата негова ќе ми беше под главата, а десницата негова ќе ме прегрнуваше.+
4 Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“+
5 „Која е онаа+ што се искачува од пустината,+ потпрена на љубениот свој?“+
„Те разбудив под јаболкницата. Таму мајка ти имаше породилни болки со тебе. Таму родителката твоја родилни болки трпеше.+
6 Стави ме како печат на срцето свое,+ како печат на раката своја, зашто љубовта е силна како смртта,+ а кога бара верност,+ непопустлива е како гробот.* Жарот нејзин е жар огнен, пламен што го дава Јах.*+ 7 Многу води не можат да ја угаснат љубовта+ и реките не можат да ја однесат.+ Кога човек би го дал сето богатство од куќата своја за љубов, тоа богатство луѓето би го презирале.“
8 „Имаме сестричка+ која уште нема гради. Што ќе направиме со нашата сестра кога ќе стане збор за неа?“*
9 „Ако биде како ѕид,+ врз него ќе изградиме круниште од сребро, а ако биде како врата,+ ќе ја затвориме со кедрова штица.“
10 „Јас сум ѕид и градите мои се како кули.+ Така во очите негови станав како онаа што нашла мир.
11 Соломон имаше лозје+ во Ваал-Хамон. Им го предаде лозјето на чуварите+ и секој мора за родот негов да донесе по илјада сребреници.
12 Моето лозје, кое ми припаѓа мене, пред мене е. Ти имаш илјада, Соломоне, а оние што го чуваат родот од лозјето се двесте.“
13 „Ти која живееш во градините,+ другарите внимателно го слушаат гласот твој. Дај да го чујам и јас!“+
14 „Потрчај, мил мој, и биди како газела и како еленче по мирисливите планини!“+