4. Мојсеева
25 Додека Израел престојуваше во Ситим,+ народот се впушти во блуд со моавските ќерки.+ 2 Тие го повикуваа народот да им принесува жртви на нивните богови,+ а народот јадеше и им се клањаше на нивните богови.+ 3 Така Израел се приклони кон Ваал фегорски;+ и Јехова пламна од гнев против Израел.+ 4 А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи ги сите народни поглавари и изложи ги јавно нивните тела пред Јехова,+ накај сонцето, за да се одврати од Израел распламтениот гнев на Јехова“. 5 Потоа Мојсеј им рече на судиите на Израел:+ „Секој нека ги убие+ своите луѓе што се приклониле кон Ваал фегорски“.
6 И гледај, дојде еден+ од синовите на Израел и доведе кај своите браќа една Мадијамка+ пред очите на Мојсеј и пред очите на целата заедница од синови на Израел, кои плачеа на влезот во шаторот на средбата. 7 Кога го виде тоа, Финес,+ синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, веднаш стана среде заедницата и зеде копје во раката. 8 И влезе по оној Израелец во шаторот,* па ги прободе двајцата, Израелецот и таа жена, неа низ утробата.* Тогаш престана поморот меѓу синовите на Израел.+ 9 А оние што изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.+
10 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 11 „Финес,+ синот на Елеазар, го одврати мојот гнев+ од синовите на Израел, зашто не дозволи никој да биде мој соперник;+ инаку ќе ги истребев синовите на Израел, зашто јас барам да ми се покажува оддаденост само мене.+ 12 Затоа кажи: ‚Еве, со него го склучувам мојот сојуз на мир. 13 Тоа нека биде траен сојуз на свештеничка служба за него и за неговите потомци по него,+ зашто не можеше да поднесе некој да му биде соперник на неговиот Бог+ и изврши очистување за синовите на Израел‘ “.+
14 А името на убиениот Израелец што беше убиен заедно со Мадијамката беше Зимриј, син на Салу; тој беше поглавар+ на родот на Симеон. 15 А убиената Мадијамка се викаше Хазва. Таа беше ќерка на Сур,+ поглавар на семејствата на едно од племињата во Мадијам.+
16 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 17 „Удрете на Мадијамците и поразете ги,+ 18 зашто и тие удираа на вас со своите подмолности+ кога итро ви направија зло со она што се случи кај Фегор+ и со Хазва,+ ќерката на мадијамскиот поглавар, нивната сестра што беше убиена+ кога имаше помор поради Фегор“.+