2. Летописи
24 Јоас имаше седум години кога почна да владее,+ и владееше четириесет години во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Сивија и беше од Вирсавеја.+ 2 Јоас+ го правеше она што е исправно во Јеховини очи+ сѐ додека беше жив свештеникот Јодај.+ 3 Јодај го ожени со две жени, кои му родија синови и ќерки.+
4 По некое време Јоас посака во своето срце да го обнови Јеховиниот дом.+ 5 Ги собра свештениците+ и левитите, и им рече: „Одете во градовите на Јуда и соберете пари од целиот Израел за да може да се поправа+ домот на вашиот Бог од година на година.+ Брзо направете го тоа“. Но синовите на Леви не се брзаа.+ 6 Затоа царот го викна поглаварот Јодај и го праша:+ „Зошто не бараш од синовите на Леви да го донесуваат од Јуда и од Ерусалим светиот данок што го пропиша Мојсеј,+ Јеховиниот слуга, светиот данок на израелската заедница за шаторот на Сведоштвото?+ 7 Зашто, синовите на злобната Готолија+ провалија во домот на вистинскиот Бог+ и сите свети работи+ од Јеховиниот дом ги употребија за почитување на Вааловците“.+ 8 И царот заповеда да се направи ковчег+ и да се стави надвор кај портата на Јеховиниот дом. 9 Потоа разгласија по целата земја на Јуда и по Ерусалим да му се донесува на Јехова светиот данок,+ кој Мојсеј,+ слугата на вистинскиот Бог, му го пропиша на Израел во пустината. 10 И се израдуваа+ на тоа сите кнезови+ и сиот народ, па го донесуваа својот прилог и го пуштаа во ковчегот+ додека не дадоа сите.
11 Во одредено време ги праќаа левитите да му го однесат ковчегот+ на царот на увид, и кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу пари,+ царскиот писар+ и довереникот на главниот свештеник доаѓаа да го испразнат ковчегот. Потоа го земаа повторно и го ставаа на неговото место. Тоа го правеа секој ден, и собраа многу пари. 12 Царот и Јодај им ги предаваа парите на надгледниците+ на работите во Јеховиниот дом,+ кои најмуваа каменоделци+ и други занаетчии+ за да се обнови Јеховиниот дом,+ како и луѓе што работат со железо и бакар за да се поправи Јеховиниот дом.+ 13 Надгледниците на работите ја вршеа својата работа+ и обновата напредуваше добро под нивно водство. На домот на вистинскиот Бог му го вратија некогашниот изглед и го зацврстија. 14 Кога завршија сѐ, го донесоа пред царот и пред Јодај остатокот од парите. Од тоа направија прибор за Јеховиниот дом, прибор за службата+ и за принесувањето жртви, чаши+ и други предмети од злато+ и сребро. Жртвите паленици+ беа принесувани во Јеховиниот дом без престан сѐ додека беше жив Јодај.
15 А Јодај остаре и умре задоволен од животот.+ Кога умре, имаше сто и триесет години. 16 И го погребаа со царевите во Давидовиот град,+ зашто правеше добро во Израел,+ добро му служеше на вистинскиот Бог и добро служеше во неговиот дом.
17 По смртта на Јодај, кнезовите+ на Јуда дојдоа и му се поклонија на царот. Тогаш царот почна да ги слуша.+ 18 И го оставија домот на Јехова, Богот на своите прататковци, па почнаа да им служат на обредните диреци*+ и на идолите,+ така што гневот Божји дојде врз Јуда и врз Ерусалим поради таа нивна вина.+ 19 И Јехова им ги праќаше своите пророци+ за да се обратат кон него. Тие ги опоменуваа, но овие не сакаа да слушаат.+
20 Божјиот дух+ го обзеде+ Захарија,+ синот на свештеникот Јодај,+ и тој застана погоре од народот и рече: „Вака вели вистинскиот Бог: ‚Зошто ги престапувате Јеховините заповеди на своја штета?+ Го оставивте Јехова, и затоа тој ќе ве остави вас‘ “.+ 21 Но тие сковаа заговор против него+ и го засипаа со камења+ по заповед на царот во дворот на Јеховиниот дом. 22 Цар Јоас не се сети на добротата* што ја покажа кон него Јодај, татко му на Захарија,+ туку му го уби синот, кој на умирање рече: „Јехова нека види и нека врати!“+
23 Во почетокот на идната година,+ против него дојде+ сириската војска+ и ги нападна Јуда и Ерусалим. Ги убија во народот сите народни кнезови,+ а сиот плен му го испратија на царот во Дамаск.+ 24 Иако сириската војска нападна со мал број луѓе,+ Јехова им даде во рацете мошне бројна војска,+ зашто овие го оставија Јехова, Богот на своите прататковци. И така извршија пресуда над Јоас.+ 25 А кога си отидоа откај него, оставајќи го во многу болести,+ неговите слуги сковаа заговор+ против него поради крвта+ на синот на свештеникот Јодај+ и го убија на неговата постела.+ Така умре, и го погребаа во Давидовиот град,+ но не во царската гробница.+
26 Ова се оние што сковаа заговор против него: Завад,+ синот на Амонката Симеата, и Јозавад, синот на Моавката Шимрита. 27 А сѐ за неговите синови, за мноштвото објави против него+ и за потполното обновување+ на домот на вистинскиот Бог е запишано во толкувањето на Книгата+ за царевите. А на негово место почна да владее неговиот син Амазија.+