1. Летописи
17 Кога се насели во својот дворец,+ Давид му рече на пророкот Натан:+ „Еве, јас живеам во дворец од кедрово дрво,+ а ковчегот+ на Јеховиниот сојуз се наоѓа под шатор“.+ 2 Тогаш Натан му рече на Давид: „Направи сѐ што ти лежи на срце,+ зашто вистинскиот Бог е со тебе“.+
3 Но во таа ноќ на Натан му дојде Божјата реч:+ 4 „Оди и речи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова: „Ти нема да ми изградиш куќа за да живеам во неа.+ 5 Јас не сум живеел во куќа од денот кога го изведов Израел до денес,+ туку постојано одев од шатор до шатор и од едно место до друго.+ 6 Додека патував наоколу со целиот Израел,+ дали некогаш на некој од судиите на Израел, на кои им заповедав да му бидат пастири на мојот народ, му реков: ‚Зошто не ми изградивте дом од кедрово дрво?‘ “ ‘+
7 Затоа сега вака кажи му на мојот слуга Давид: ‚Вака вели Јехова над војските: „Јас те зедов од пасиштето, откај стадото што го чуваше+ за да му бидеш водач+ на мојот народ Израел. 8 И ќе бидам со тебе каде и да појдеш+ и ќе ги истребам сите твои непријатели+ од пред тебе. Ќе ти направам име+ исто како името на големите луѓе што се на земјата.+ 9 И ќе му одредам место на својот народ Израел, ќе го засадам+ за да живее на своето место и никој повеќе нема да го вознемирува. Неправедниците+ нема повеќе да го угнетуваат како порано,+ 10 како тогаш кога му поставував судии+ на својот народ Израел. Ќе ги понижам сите твои непријатели.+ И ти јавувам дека јас, Јехова, ќе ти изградам дом.*+
11 Кога ќе дојде времето да отидеш кај своите прататковци,+ ќе го подигнам по тебе твојот потомок, еден од твоите синови,+ и ќе го зацврстам неговото царство.+ 12 Тој ќе ми изгради дом,+ а јас ќе го утврдам за навек неговиот престол.+ 13 Јас ќе му бидам татко,+ а тој ќе ми биде син.+ Својата милост* нема да ја одвратам од него+ како што ја одвратив од твојот претходник.+ 14 И ќе го утврдам во својот дом+ и во своето царство+ за навек. Неговиот престол+ ќе трае довека“ ‘ “.
15 Така Натан му ги пренесе на Давид сите овие зборови и целото видение.+
16 Потоа цар Давид дојде, седна пред Јехова+ и рече: „Кој сум јас,+ Јехова Боже, и што е мојот дом,+ та ме доведе до тука?+ 17 И како да е и тоа премалку во твои очи,+ Боже,+ па уште зборуваш што ќе биде со домот на твојот слуга во далечна иднина+ и погледна на мене како на угледен човек,+ Јехова Боже! 18 Што би можел уште да ти каже Давид за честа што му ја укажуваш на својот слуга,+ кога ти добро го познаваш својот слуга?+ 19 Јехова, заради својот слуга и според своето срце+ ти си ги направил сите овие големи дела, и сите нив ги објави.+ 20 Јехова, никој не е како тебе+ и освен тебе нема Бог+ — сето она што го чувме со свои уши го потврдува тоа. 21 Кој друг народ на земјата е како твојот народ Израел?+ Него го откупи, вистински Боже, за да биде твој народ,+ и си стекна име правејќи големи и застрашувачки дела,+ зашто истера други народи+ од пред својот народ, кого го откупи од Египет. 22 И одреди твојот народ Израел да биде твој народ+ довека, а ти, Јехова, стана негов Бог.+ 23 Затоа сега, Јехова, нека се исполни за сите времиња она што го кажа за својот слуга и за неговиот дом и направи така како што вети. 24 Твоето име+ нека биде достојно за доверба и големо+ довека, и нека се зборува: ‚Јехова над војските,+ Богот на Израел,+ навистина е Бог на Израел‘.+ Домот на твојот слуга Давид секогаш нека стои пред тебе.+ 25 Зашто ти, Боже мој, му откри на својот слуга дека ќе му изградиш дом.+ Затоа твојот слуга ти се моли тебе. 26 Навистина, Јехова, ти си вистински Бог+ и ти му го даде ова добро ветување на својот слуга.+ 27 Те молам, благослови го домот на својот слуга за да остане довека пред тебе.+ Зашто, кога ти, Јехова, ќе го благословиш, ќе биде благословен довека“.+