Псалми
3 А таму нашите поробувачи бараа да пееме,+
и исмејувачите наши — да се веселиме+, велејќи ни:
„Запејте ни песна сионска!“+
5 Ако те заборавам тебе, Ерусалиме,+
нека заборави десницата моја сѐ што знае!
6 Нека ми се залепи јазикот за непцето,+
ако не се сетам на тебе,+
ако не го возвишам Ерусалим
над својата најголема радост!+
7 Сети се,+ Јехова, на синовите на Едом+ како велеа во денот на пропаста на Ерусалим:+
„Разурнете го! Разурнете го до темел!“+
8 Ќерко вавилонска, која ќе бидеш опустошена,+
среќен ќе биде оној што ќе ти возврати+
онака како што постапи ти кон нас.+
9 Среќен ќе биде оној што ќе ги зграпчи и ќе ги разбие+
од карпа твоите деца.