2. Самоилова
11 Во почетокот на следната година,*+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Давид го испрати Јоав, а со него и своите слуги и сиот Израел за да ги поразат синовите на Амон+ и да ја опсадат Рава.+ А Давид остана во Ерусалим.
2 Една вечер Давид стана од својата постела и, додека се шеташе по покривот+ на царскиот дворец, од покривот здогледа+ една жена како се капе. А жената беше многу убава.+ 3 Затоа Давид испрати слуги да се распрашаат за жената,+ а тие му рекоа: „Не е ли тоа Витсавеа,+ ќерката на Елиам,*+ жена на Хетеецот+ Урија?“+ 4 И Давид испрати гласници да му ја доведат.+ Така таа дојде кај него,+ и тој легна со неа,+ а таа токму тогаш се чистеше од својата нечистотија.+ Потоа таа се врати во својата куќа.
5 И жената забремени, па му порача на Давид: „Бремена сум!“ 6 Тогаш Давид му испрати порака на Јоав: „Испрати ми го Хетеецот Урија“. И Јоав го испрати Урија кај Давид. 7 Кога Урија дојде кај него, Давид почна да го распрашува како е Јоав, како е војската и како напредува војната. 8 На крајот Давид му рече на Урија: „Оди во својата куќа и изми си ги нозете!“+ И Урија замина од царскиот дворец, а по него го изнесоа дарот што му го даде царот. 9 Но Урија остана да спие на влезот од царскиот дворец со сите други слуги на својот господар и не отиде во својот дом. 10 И му јавија на Давид: „Урија не отиде во својот дом“. Тогаш Давид го праша Урија: „Зар не дојде од пат? Зошто не си отишол во својата куќа?“ 11 А Урија му рече на Давид: „Ковчегот,+ Израел и Јуда престојуваат под шатори, мојот господар Јоав и слугите на мојот господар+ логоруваат в поле, па зар јас да одам во својот дом, да јадам и да пијам и потоа да легнам со својата жена?+ Како што си жив ти и како што е жива твојата душа,+ нема да го направам тоа!“
12 Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани овде уште денес, па утре ќе те пратам назад“. И така Урија остана во Ерусалим уште тој и следниот ден. 13 И Давид го повика да јаде и да пие со него, па го опи.+ Но Урија вечерта излезе и легна на својата постела со слугите на својот господар, а во својот дом не отиде. 14 Изутрината Давид му напиша писмо+ на Јоав и го испрати по Урија. 15 А во писмото напиша вака:+ „Поставете го Урија напред, каде што битката е најжестока,+ па повлечете се од него за да го погодат и да загине!“+
16 И додека го опсадуваше градот, Јоав го постави Урија таму каде што знаеше дека се најхрабрите луѓе.+ 17 Кога луѓето од градот излегоа да се борат против Јоав, загинаа неколкумина од Давидовите слуги, а загина и Хетеецот Урија.+ 18 Потоа Јоав испрати гласник за да го извести Давид за сѐ што се случило во бојот. 19 А на гласникот му заповеда: „Кога ќе го известиш царот за сѐ што се случи во битката, 20 можеби царот ќе се разгневи и ќе ти рече: ‚Зошто сте се доближиле толку близу до градот за да се борите? Зар не знаевте дека ќе ве гаѓаат со стрели од врвот на ѕидот? 21 Кој го уби Авимелех,+ синот на Ерувесет?*+ Зарем не една жена, која врз него фрли мелнички камен+ од врвот на ѕидот, па загина во Тевес?+ Зошто сте се доближиле толку близу до ѕидот?‘ А ти тогаш речи му: ‚Загина и твојот слуга Хетеецот Урија‘ “.+
22 Така гласникот отиде, дојде кај Давид и му кажа сѐ што му заповеда Јоав. 23 И гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе беа посилни од нас и излегоа против нас во полето, но ние ги потиснавме сѐ до градската порта. 24 Тогаш стрелците ги гаѓаа твоите слуги од врвот на ѕидот,+ така што загинаа неколку царски слуги, а загина и твојот слуга Хетеецот Урија“.+ 25 Тогаш Давид му рече на гласникот: „Вака кажи му на Јоав: ‚Не земај го тоа толку на срце, зашто мечот може да го проголта+ секого. Уште посилно навали на градот и разурни го!‘+ Така ќе го охрабриш“.
26 А кога жената на Урија чу дека загинал нејзиниот маж Урија, го оплакуваше+ својот господар.+ 27 Кога помина времето на оплакување,+ Давид испрати по неа, ја доведе во својот дворец и таа му стана жена.+ По некое време му роди син. Но она што го направи Давид беше зло+ во очите+ на Јехова.