ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Захарија 4
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Захарија — краток преглед

      • Петто видение: Светилник и две маслинови дрвја (1-14)

        • „Не со воена сила, ниту со моќ, туку со мојот дух“ (6)

        • Не ги потценувај скромните почетоци (10)

Захарија 4:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    3/2022, стр. 15

Захарија 4:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    3/2022, стр. 15

    Откровение — величествена завршница!, стр. 164

Захарија 4:6

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    3/2022, стр. 15

    Стражарска кула,

    15/4/2006, стр. 23

Захарија 4:7

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/4/2006, стр. 23-24, 25-26

Захарија 4:10

Фусноти

  • *

    Буквално: „каменот; тегот“.

  • *

    „Тие“ може да се однесува на седумте светилки или на очите на Јехова.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    12/2022, стр. 15

    3/2022, стр. 16-17

    Јеховиниот ден, стр. 85-86

    Откровение — величествена завршница!, стр. 164-165

Захарија 4:12

Фусноти

  • *

    Односно, гранки полни со плодови.

Захарија 4:14

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    3/2022, стр. 18

    Откровение — величествена завршница!, стр. 164

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
Свето писмо — превод Нов свет
Захарија 4:1-14

Захарија

4 Ангелот кој зборуваше со мене се врати и ме разбуди како што се буди човек од сон. 2 И ме праша: „Што гледаш?“

А јас одговорив: „Гледам светилник, сиот од злато, а над него има длабок сад. На врвот од светилникот има седум светилки. Седумте светилки имаат седум цевчиња кои се поврзани со садот. 3 До него има две маслинови дрвја, едното од десната страна на садот, а другото од левата“.

4 Тогаш го прашав ангелот кој зборуваше со мене: „Што претставуваат овие работи, господару мој?“ 5 А ангелот ми рече: „Зар не знаеш што претставуваат?“

Јас му одговорив: „Не знам, господару“.

6 Тогаш тој ми рече: „Ова му го вели Јехова на Зоровавел: ’Не со воена сила, ниту со моќ, туку со мојот дух‘, вели Јехова над војските. 7 О голема планино, што мислиш дека си? Пред Зоровавел ќе станеш рамница. Тој ќе го стави последниот камен на храмот, а луѓето ќе воскликнуваат: ’Прекрасно! Прекрасно!‘“

8 И повторно ми дојде објавата од Јехова: 9 „Зоровавел со свои раце ги положи темелите на овој дом, а со свои раце и ќе го доврши. Тогаш ќе знаете дека Јехова над војските ме испрати кај вас. 10 Дали некој ги потценува скромните почетоци? Луѓето ќе се израдуваат кога ќе го видат високот* во раката на Зоровавел. Тие седум* се очите на Јехова, кои ја пребаруваат целата земја“.

11 Потоа го прашав ангелот: „Што претставуваат овие две маслинови дрвја од десната и од левата страна на светилникот?“ 12 И уште прашав: „Што претставуваат гранките* на двете маслинови дрвја од кои се излева златна течност низ двете златни цевки?“

13 Тој ми рече: „Зар не знаеш што претставуваат?“

А јас му одговорив: „Не знам, господару“.

14 Тогаш тој рече: „Тоа се двајцата помазаници кои стојат покрај Господарот на целата земја“.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели